Logo AJDE Makedonija 2Сакаш почиста и позелена Македонија?
Ако сакаш да бидеш дел од тимот што ќе придонесе за тоа, тогаш ПРИДРУЖИ СЕ, заедно да ја исчистиме Македонија!
Биди и ти волонтер во најголемата еколошка акција во нашата земја!

КАКО?

 

Ако си вљубеник во чиста и здрава животна средина, ти пречи загаденоста, те тишти отпадот што го гледаш околу тебе и чувствуваш дека МОЖЕШ и ЗНАЕШ да помогнеш – те покануваме: АЈДЕ! приклучи му се на тимот ентузијасти кои сакаат да ја видат Македонија убава и чиста!

Ако сакате да се вклучите повелете на отворениот ден во просториите на МКЦ (Младински културен центар) на 2.06.2016 од 18:00 часот и пополнете го формуларот на овој линк за пријавување.

Овој формулар за пријавување има примарна цел да го прошири организацискиот тим, но исто така е отворен и за поединци, неформални групи и за организации (граѓански, компании и др.) што би сакале да се вклучат во акцијата, или да иницираат во своите општини и заедници ширум земјата.

Logo AJDE Makedonija 2

 

За што се работи?

Идејата за масовно чистење на земјата во само 1 ден потекнува од “Let’s do it!” – глобална граѓанска иницијатива која започна во 2008 година во Естонија која денес се спроведува во повеќе од 120 земји низ светот. Македонија е една од тие земји.

По минатогодишната успешна акција за чистење диви депонии во Македонија во рамките на глобалната инцијатива „Да го исчистиме светот“ (“Let’s do it! World”), во која учествуваа 20.000 волонтери ширум земјава, задоволство ни е да најавиме дека акцијата ќе се организира и годинава. Повторно е поттикната од „АЈДЕ Македонија!“ – а годинава е поддржана и од Цивика мобилитас проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

За иницијативата да биде што поуспешна потребни се луѓе со разогрени срца за чиста животна средина а кои доаѓаат од разновидни образовни и професионални профили: односи со јавност, администрација, ИТ, дизајн, социјални мрежи, комуникации, управување со отпад, заштита на животна средина, вмрежувачи, претприемачи, сонувачи и активисти.

Ако имаш идеја или предлог за некоја активност од полето во кое работиш, пиши ни на kontakt@ajdemakedonija.mk.

АЈДЕ Македонија! е национална граѓанска мрежа која се залага за одржливо управување со отпадот, преку негово намалување, реупотреба или рециклирање.

Сакаш да дознаеш повеќе за иницијативата и да и’ се приклучиш? Веруваш дека можеш да придонесеш со своите вештини и знаења?

АЈДЕ!