[Aggregator] Downloaded image for imported item #43711

ЗНМ и ССНМ: Остра осуда за континуираните напади и етикетирања на новинари и медиуми

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост и најостра осуда на зачестените јавни напади, дисквалификации и етикетирања на новинари и медиуми од страна на политичката партија СДСМ. Последниот таков случај се однесува на јавното таргетирање и етикетирање на телевизијата АЛФА ТВ преку партиски соопштенија и јавни изјави, што претставува директен притисок врз медиумот и неговите новинари.

Во изминатиот период, преку соопштенија на партиски ограноци, како и преку јавни изјави на лидерот на партијата и други високи партиски функционери, се забележува континуирана практика на таргетирање на новинари и медиуми, со што директно се нарушува нивниот професионален интегритет и се создава непријателска атмосфера кон медиумските работници.

Оваа појава не може и не смее да се третира како изолирани инциденти, туку како јасна и загрижувачка тенденција која придонесува кон поткопување на слободата на изразување, медиумскиот плурализам и безбедноста на новинарите. Јавното етикетирање и дискредитирање на новинари и редакции од страна на политички субјекти носи ризик од дополнителна стигматизација и може да охрабри понатамошни притисоци и напади врз медиумските работници.

Апелираме дека политичките партии не треба на ваков начин да комуницираат со медиумите и новинарите. Ваквиот тип на политичка реторика и конфронтација е неприфатлив кога е насочен кон медиумите. Медиумите не се и не смеат да бидат третирани како политички опоненти. Тие треба да бидат оставени слободно и без притисоци да ја извршуваат својата автономна новинарска улога, во интерес на јавноста и демократските процеси.

Како еснафски организации кои ги застапуваат правата и интересите на новинарите и медиумските работници, апелираме до политичката партија СДСМ, но и до сите останати политички субјекти, да ги почитуваат професионалните стандарди, јавниот интерес и улогата на новинарството во демократското општество и да се воздржат од реторика која придонесува кон продлабочување на недовербата и притисокот врз медиумите.

ЗНМ и ССНМ ќе продолжат внимателно да ги следат овие појави и да реагираат секогаш кога ќе бидат загрозени слободата на медиумите, професионалниот интегритет и безбедноста на новинарите.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ)

Продолжи со читање

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

  • 🎨 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАНАЕТЧИИ

    Учество во активности за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на најмалку 5 локални занаетчии за учество во обука и соработка со млади во рамки на проектот: „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални […]
    Source

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ

    Обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини за млади за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на 30 млади лица за учество во сеопфатна обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини, која се реализира во рамки на проектот: „Дигитално оживување…

  • Правилно постапување со био отпад

    Продолжуваме со кампањата за подигање на јавната свест за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад, погледнете како правилно се постапува со био отпад на следното видео

  • МЦМС придонесe во креирањето на новиот Закон за здруженија и фондации

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) активно се вклучи во процесот на јавна консултација за Предлог Законот за здруженија и фондации, оставајќи детални коментари на платформата ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија).

  • Во каква средина работат организациите чиј фокус се родовите прашања

    Македонскиот центар за меѓународна соработка го објави „Истражувањето во фокус: мониторинг на овозможувачката околина за организации кои работат во областа на родовата еднаквост и правата на жените”, кое обезбедува сеопфатна, анализа заснована на докази на условите во кои делуваат овие организации во Северна Македонија.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор