468718659 565884049496334 900638606480416818 N.jpg

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ОПАСНОСТА ОД ПОЖАРИ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР

На 3.12.2024 година, ја имавме честа да присуствуваме на настанот за свечено потпишување на договори во рамки на проектот Управување со пожари на ниво на предел во земјите од Западен Балкан (LFMWB). РЕЦ, како добитник на грант преку нивниот Компетитивен фонд за заедници, ќе го реализира проектот ,,Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци”. Преку активностите на проектот, во соработка со Општината ќе помогнеме во зголемување на свеста за опасноста од пожари на отворен простор во овој земјоделски крај, со помош на локалната заедница ќе спроведеме заштитни мерки од пожари на терен и ќе направиме проценка на ризикот од пожари.
На овој одличен настан, нашите претставници имаа можност да ги презентираат целите и планираните активности на проектот финансиран од овој грант. Исто така, покрај новите сознанија за самата програма, имавме можност за вмрежување со другите добитници на грантови, што ни дава можност за подобро справување со проблемот со пожарите на отворено и здружено, да делуваме и на регионално ниво.
LFMWB е проект на Швајцарската Агенција за Развој и Соработка (SDC), координиран од Фармахем.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)

Продолжи со читање

  • Првомајски одредски тим билдинг

    Во периодот од 1-3.05.2026 год. нашите членови во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото село организираа одредски тим билдинг кој го водше началникот на одред Иван Гушев. На овој одредски тим билдинг се работеше на следните подрачја: подготовки за наредните акции, Вардарска регата “Гемиџии“ и други пловидби, изборната настава по Извидништво…

  • Претставување на XXVI Вардарската регата “Гемиџии 2026“ на ТВ Сител

    На 1.5.2026 год. (петок), во утринската програма на ТВ Сител во Скопје “Ја сакам Македонија“  претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев и Владимир Ивановски – Вуцо како главни организатори на Вардарската регата, земаа учество во споменатата емисијата со водителот Александар Блажевски. За потребите на оваа…

  • Доделени годишните награди на СЕММ за новинарски стории

    Советот за етика во медиумите на Македонија денеска ги додели годишните награди за најдобра новинарска сторија на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“.
    Првата награда ја доби новинарот Михајло Милошески, од „360 степен… Повеќе… “Доделени годишните награди на СЕММ за новинарски стории”
    Source

  • Работилница за дигитални платформи: Потребен е нов Закон за медиуми и регулација на социјалните платформи

    Сеопфатен нов Закон за медиуми, регулирање на платформата на социјалните медиуи, заштита на малите локални медиуми, а надлежните институции треба да гарантираат дека сите фази од подготовката на ново законодавство за онлајн-медиумите се транспарентни, инклузивни и спроведени преку соработка со сите релевантни засегнати страни. Ова се само дел од препораките истакнати на денешната работилница за […]

  • Членовите на Советот на МЦМС ја истакнаа клучната улога на МЦМС во граѓанскиот сектор

    Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 28 април 2026 година одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај на организацијата за 2025 година, наративен и финансиски, заедно со Извештајот од независниот ревизор.

  • Во Гостивар одржан јавен настан за ко-креирање на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

    Денес, втор ден по ред, во Гостивар се одржа јавен настан во рамки на процесот на ко-креирање на новиот седми Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026 – 2028 година. Настанот го организираше Министерството за јавна администрација во соработка со Фондација Метаморфозис и Центар за граѓански комуникации, со цел да се поттикне активно учество на засегнатите страни во дефинирањето на приоритетите […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор