Untitled Design(1)

Втор ден АЛФОРУМ 2025 – „Потребна е гласност за мир во Газа, Украина, Иран, Израел“

Кога на престижен форум , пред стотици граѓански активисти еден висок преставник на власта ќе признaе дека континентот на кој припаѓаме не е во состојба да споделува креативни решенија треба да знаеме дека е време да се преземе акција. Премиерот на Р Албанија, Еди Рама во своето обраќање на Алфорумот 2025 порача дека поголемиот дел во светот е заинтересиран за дијалог и соработка.

„Нема многу простор да се прашува за конверзација што мора да се отвори за некои поинакви патеки за разбирање и може д помогне да се сфати дека повеќе не живееме на континент чии корени се потпираат на неговиот сентимент на доминација. Повеќе не сме континент чие
најголемо споделување е креирање ,континент каде водечките процеси во многу аспекти беа полоши? а денес нашиот континетн и не само нашиот континент туку и 12 проценти од светот делат останатото е 88 проценти и остаток е се повеќе заинтересиран за дијалог и соработка. “
–рече премиерот на Р. Албанија , Еди Рама.

Арогантните европејци направија голема грешка затоа што мислеа дека својата методологија ќе му ја наметнат на целиот евромедитеран. Но предупредува Мигел Анхел Моританос, заменик генерален секретар, висок преставник на УНАОК и специјален пратеник на ОН за борба против
исламофобија, ако сакаме да постигнеме партнерство мора да почнеме заедно и да имаме колективна медитеранска. Тој е дезигниран затоа што граѓанските организации не го кренат гласот за мир во Газа, Украина, Иран и Израел.

„Мораме да идентификуваме кои ни се предизвиците во иднината, а првото е мирот. Ние користиме зборови како мир,селам, шалом итн. ама не го практикуваме тоа. Во светот во кој живееме денес, во војна, во многу неприфатлива ситуација, , јас не гледам, јас не слушам гласот на мирот. Не гледам дека вие луѓе одите на улиците да ја прашате државата за мир , за мир во Газа, за мир во Украина, за мир во Иран и за мир за Израел“ – вели Анхел Моританос.

И не е само да се крене гласот, туку и да се надминете себе си особено ако сте на некоја висока позиција, затоа што мирот можат да го воспостават само лидерите, моќта е во нивните раце порача Младен Иваниќ, претседател на претседателството на БиХ. Го сподели своето искуство како србин чија прва задача била да ја предводи делегацијата од својата земја на исламската конференција во Техеран. Го исмевале но тој се водел од интересите на државата.

„Значи србин да биде таму и не можете да замислите колку силно бев критикуван. Носев наоќари во тоа време и направија слики како да сум Јасер Арафат со шамија и наочари. Но ако е твоја задача и ако се работи за твојата држава само преставувај ја твојата држава. Беше голем
предизвик за мене.“- раскажа Младен Иваниќ.

Алфорумот го живее вториот ден во духот на различните нации, религии , уредувања од регионот на медитеранот обидувајќи се да даде одговори на многу прашања за подобра иднина на генерациите што доаѓаат.
Фиљана Кока МТВ1, Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор