[Aggregator] Downloaded image for imported item #51918

Успешно спроведен првиот модул од Академијата за граѓански организации


IMG

На 29-30 септември 2026 г. во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се спроведе првиот модул од Академијата за граѓански организации, на која учествуваа 17 учесници. 

Оваа академија има за цел граѓанските организации кои се опфатени со истата, да ги зајакнат своите организациски капацитети, отпорност и одржливост преку тримесечна програма што комбинира организациска самооценка, онлајн обуки, работилници во живо, менторство и практична работа.

Првиот модул имаше за цел да придонесе кон градење силна и добро управувана организација и во таа насока ги опфати следниве четири области:

Во првата област посветена на Добро управување и организациска поставеност учесниците се запознаа со правната рамка релевантна за граѓанските организации, улогите и одговорностите на управните и извршните органи, внатрешната организациска поставеност, транспарентноста, отчетноста и спречувањето на судирот на интереси.

Во втората област посветена на Внатрешни политики и процедури учесниците се запознаа со организациските правилници за финансиско работење, набавки, човечки ресурси, етика, заштита на податоци и друга релевантна документација.

Третата област беше посветена на Канцелариско и архивско работење, пристапот, заштитата и начинот на чување на документацијата, а во рамки на четвртата област која беше посветена на Стратешко планирање учесниците се запознаа со Анализа на стостојбите, користејќи го ИОМ моделот за надворешна и внатрешна анализа на организацијата, поврзување на визијата и мисијата со стратешките приоритети, стратешките цели и програмската работа на организацијата

IMG

Модулот 1: Градење силна и добро управувана организација, се реализираше како последователна активност на онлајн Обукитена истите теми, кои беа услов за учество во академијата. Идејата беше, по стекнатото основно знаење од онлајн обуките, учесниците за време на модулите во живо, а потоа, онаму каде што ќе произле потреба и преку последователни менторски сесии, да дискутираат за дилемите, да се разјаснат одредени прашања, како и преку практична работа да се се здобијат со вештини и знаења за примена на наученото во нивното секојдневно работење на соодветните теми.

„Работилницата беше одлична можност за нас, активистите од граѓанските здруженија,  да научиме нешто ново и да ги проширименашите знаењапреку меѓусебен разговор и дискусија, но и со нашите обучувачи чии теоретски предавања беа збогатени со нивните бројни искуства на темите кои беа опфатени“, изјави Весна Кирова од Организацијата на жени на општина Велес.

Photo

И за Цвета Ефтимова од Здружението за психолошка поддршка “Центар за психолошко советување и личен развој-Цвета“ од Штип, искуствата се позитивни: „Работилницата беше сеопфатна, темелно беа опфатени сите теми и проблеми со кои се соочуваат колегите кои работат во овој сектор. Предавачите беа одлични, со големо знаење од областа, отворени за комуникација и прашања. Посебно ми се допадна тоа што ние бевме активно вклучени во процесот со прашања, работни листови и практични вежби“, рече таа.

Интересот за оваа активност граѓанските организации го пријавуваа на јавен Повик за изразување интерес за учество во академијата за граѓански организации.

Согласно планираното, следните два модули во живо ќе бидат спроведени во периодот октомври-ноември 2026 г.

Академијата за граѓански организации беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар

Source

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Граѓански ресурсен центар

Продолжи со читање

  • Високите цени ја надминаа корупцијата како клучен проблем, но расте прифатливоста и подложноста на корупција во Северна Македонија

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше идентификувана како најсериозен општествен проблем, во 2025 година граѓаните на Северна Македонија ги рангираат високите цени како своја главна грижа (46,6%), а корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, зголемените трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, додека корупцијата и понатаму останува еден од клучните предизвици со кои се соочува општеството. 

  • Демир Капија: Жените бараат редовни средби со институциите и поголема поддршка за локалните иницијативи

    Демир Капија, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во локалното одлучување, редовни консултации со жителките од руралните средини и навремени повратни информации од институциите беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана во Демир Капија. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Младите од Струга во улога на новинари на работилница за медиумите на заедницата

    Средношколци од Струга учеа за медиумите на заедницата, разговараа за етиката во новинарството и за момент влегоа во улога на новинари. Тие предлагаа теми, анализираа како да ја обработат приказната и дискутираа колку е важно да се зборува јавно за проблемите на локалните заедници и да се бараат решенија.

  • Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода

    Во соработка со Општина Кисела Вода спроведовме процес на партиципативно буџетирање. Граѓаните ги споделија своите потреби, проблеми и предлози за подобрување на квалитетот на животот во општината. Тие ја препознаа иницијативата како корисна и изразија поддршка за организирање ваков тип на настани, кои овозможуваат нивните потреби и идеи да бидат слушнати. Следниот чекор е анализа […]
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • Ден на климатските промени – 4 Ноември

    Денес го обележивме 4ти ноември Денот на климатски промени со учество на Утринска програма на Телма телевизија со нашата  Тамара Радовановиќ Анѓелковска на која што разговаравме за активностите на нашата организација поврзани со заштита на животна средина и намалување/ адаптација на климатските промени.
    Зборувавме за тоа како локалните заедници можат да станат отпорни на климатски промени и зошто е тоа важно.
    Благодарност до редакцијата на Телма телевизија за поканата!
     

  • Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија

    Миграцискиот профил на Северна Македонија се менува. Иако традиционално се препознава како транзитна земја, таа сè повеќе станува земја на дестинација за странски работници и други странски државјани што бараат подолгорочен престој. Според податоците презентирани во нашето истражување, бројот на странски работници се зголемил од […]
    The post Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор