Црногорската заедница во РМ ја имаше честа да присуствува на одбележувањето 64 години од постоењето на О.У “Његош”

На ден 10.11.2017г. Црногорската заедница во РМ ја имаше честа да присуствува на одбележувањето 64 години од постоењето на О.У “Његош” од скопската Општина Гази Баба. На прославата беа присутни Директорот на училиштето Г-дин Никола Настевски, Градоначалникот на Општина Гази Баба Г-дин Борис Георгиевски, претставници на Црногорската Амбасада во РМ, колеги. пријатели и претставници од други институции на градот.

На 64-та прослава на патрониот празник на училиштето Претседателот на ЦЗРМ Г-дин Борис Попивода во придружба на Потпретседателот на ЦЗРМ Г-дин Милорад Миланович како и членовите на претседателството Г-дин Слобо Новович и Г-дин Јован Марич во знак на чествувањето на животот и делото на Петар II Петрович Његош положија цвеќе пред Његошевата биста во дворот на училиштето.

Во име на овој значаен празник, Црногорската заедница сака да упати јавна благодарност до О.У. “Његош” за укажаната чест и покана да бидеме дел од овој прекрасен настан. Во исто време се заблагодаруваме и за прекрасниот подарок кој ни беше врачен од страна на училиштето.

Примете искрени честитки, со најубави желби, за уште многу години празнување на Његошевиот спомен, многу успеси во рамки на училиштето, но и надвор од него, со надеж за наша понатамошна, долга и успешна соработка на обострано задоволство.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор