Свечено доделување сертификати за курсистките од општина Тетово
На 27-ми декември 2024 година, во Тетово се одржа свечена церемонија за доделување Сертификати на курсистките кои успешно ја завршија обуката за Козметичар-Естетичар кои ги организиравме. Оваа обука беше дел од програмата за економско јакнење на жените и создавање нови можности за нивно активно вклучување на пазарот на труд.
Вкупно 8 курсистки успешно го завршија курсот, стекнувајќи нови вештини и знаења за професионален ангажман во областа на Козметичар – Естетичар.






Програмата опфати теоретски и практични сесии, насочени кон унапредување на стручните вештини и стекнување конкретни компетенции кои ќе им помогнат на жените во нивниот кариерен развој.
Церемонијата заврши со доделување на Сертификатите, кои курсистките ги примија со гордост и насмевка. Настанот беше исполнет со емоции, благодарност и надеж за нови можности и успеси во иднина.
Настанот се реализира во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество.“ се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“, Скопје и проектните партнери Здружението „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“– с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“, Желино.
Поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.