Ndi 7 819x1024.jpg

Студиска посета на Прилеп од претставници на граѓански организации од Плевља, Црна Гора

Во периодот 23-25 септември СТАНИЦА ПЕТ беше домаќин на претставници од граѓански организации од Плевља, Црна Гора во рамки на проектот “Промовирање инклузија и толеранција преку меѓурелигиска соработка во Западен Балкан” спроведуван од Националниот Демократски Институт (НДИ). Студиската посета имаше за цел размена на знаења и искуства за промовирање на верски слободи, меѓуверски и меѓуетнички дијалог и толеранција и зајакнување на локалниот соживот.

Во текот на трите дена, учесниците имаа можност да истражуваат значајни културни и религиозни места учејќи за богатата историја на отпорност и единство на регионот.

Во текот на првиот ден учесниците ги посетија просториите на Станица ПЕТ каде се запознаа со работата и целите на здружението, по што заеднички го посетија Паркот на револуцијата – Могилата на непобедените. На 24ти септември, денот започна со посета на Манастирот „Пресвета Богородица“ – Трескавец, каде се запознаа со неговата богата историја и религиозно значење, по што се упатија кон Општина Прилеп – на средба со Градоначалникот Борче Јовчески на која што имаа можност да дознаат повеќе за работата на општината и активностите кои се реализираат од општинските институции во врска со зајакнување на меѓуверскиот соживот и толеранција. Активностите продолжија со посета на џамијата „Веби и Ердован“ во населбата Тризла, каде учесниците се запознаа со верските и културните аспекти на функционирањето на објектот, по што се упативме кон црквата Св. Кирил и Методиј – Параклис каде учесниците имаа можност да дознаат повеќе за историјата на параклисот и неговото значење за локалното население. Денот беше заокружен со посета на центарот на градот каде ги посетивме Градскиот Саат и Чарши џамијата кои се едни од главните заменитости на градот со богато верско, културно и историско значење, како и црквата Св. Благовештение – Стара црква и Грчката црква. Третиот ден од посетата заврши со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу партнерските организации од Прилеп и Плевља и посета на Музејот на востанието – 11 Октомври познат како Участак.

Студиската посета го официјализираше веќе воспоставеното партнерство со Националниот демократски институт НДИ и локалните партнерски организации од Плевља, Црна Гора и отвори можности за нови соработки и размена на искуства за унапредување на меѓуверскиот и меѓуетничкиот дијалог и толеранција.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор