Ese 3.jpg

Учество на обука за застапување против семејното насилство

Правилното информирање на јавноста за природата на семејното насилство и фактичката состојба на жените што претрепеле семејно насилство, како и законските механизми за заштита придонесува за зголемување на општетвената поддршка и охрабување на жените да го пријават насилството и побараат помош и поддршка.

Во периодот 2-3 октомври се одржа Обука за етичко, професионално и законско известување за семејното насилство во х. Глориус – Велес, на која новинари и претставници на граѓански здруженија, меѓу кои и претставници на нашето здружение се стекнаа со знаења и вештини, како и насоки за пишување на влијателни медиумски содржини за подобрување на разбирањето на општата јавност за семејното насилство.

Воведно обраќање на настанот имаше заменик амбасадорот на Франција Г-дин Philippe Marcheteau кој ги нагласи досегашните постигнувања на ова поле и значењето на ваков вид на иницијативи за зголемување на превенцијата на семејното насилство.

Обуката се спроведе во рамки на проектот: „Откријте, ангажирајте, поттикнете: застапување против семејното насилство“ , финансиски поддржан од Француска амбасада во Република Северна Македонија, а истиот се спроведува од страна на Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост ЕСЕ од Скопје, во соработка со Здружение Мајка од Куманово, Станица ПЕТ од Прилеп и Женски форум од Тетово.

Главните цели на проектот се подобрување на разбирањето на новинарите за природата на семејното насилство, правната рамка за заштита на жените што претрпеле семејно насилство, како и начинот на известување на медиумите за случаи или прашања во врска со семејното насилство, поддршка на граѓанските организации (ГОи) во креирањето на приспособливи, точни и концизни информации на тема семејно насилство, со цел овие информации да бидат подостапни за медиумите и олеснување на вмрежувањето и подобрување на соработката помеѓу ГОи и новинарите за поефикасно справување со семејното насилство како општествен проблем.

Како резултат на спроведените активности локалните новинари и ГОи под менторство на искусен новинар во секоја од општините ќе работат на подготовка на два ко-авторски текста во врска со семејното насилство чија цел е да се придонесе за создавање на долгорочни партнерства помеѓу медиумите и ГОи во борбата против дезинформациите поврзани со семејното насилство. Медиумските приказни (текстови) ќе бидат подготвени земајќи ја предвид важноста на етичкото медиумско известување и почитување на стандардите при известувањето за случаи или теми во врска со семејното насилство.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор