Средба на работната група Отворен Балкан во Белград
Повеќе на: Средба на работната група Отворен Балкан во Белград
Повеќе на: Средба на работната група Отворен Балкан во Белград
Информациските закани и манипулациите со информации се проблем кој влијае врз целото општество и треба да се реши со сеопфатен пристап на целото оштество, а тоа значи – политичка волја, усогласеност во делувањето, координација и акција како и здружување ресурси и зголемување инвестиции во решавањето на проблемот.
Ова се само дел од заклучоците и препораките кои се дел од „Документ за позиција: Патоказ за заштита на демократијата од информациски закани“, кои беа истакнати денеска на брифинг за новинарите во Фондацијата Метаморфозис, која, пак, заедно со Мрежата против дезинформации за Балканот (АДН-Балканс), низ процес на широки консултации преку соработка со меѓународните и регионални партнери, решението го наоѓа во сопфатниот пристап на целото општество. За таа цел, изработен е патоказ за заштита на демократијата од информациски закани.
„Системската злоупотреба на информацискиот простор преку дезинформациски кампањи ја зголемува ерозијата на јавната доверба што ја доведува до криза на демократскиот систем. Западниот Балкан, како еден од најранливите региони во Европа, се соочува со сериозни предизвици во зачувувањето на интегритетот на демократските институции и процеси, поради отсуството на регулатива усогласена со европските стандарди и недостаток на координирана акција на демократските актери, за зачувување на демократските институции“, пишува во резимето на документот.
Директорот за партнерство и развој во Фондацијата Метаморфозис, Филип Стојановски, заедно со Светлана Силјановска, специјалистката за стратешки комуникации, кои се уредници на документот, денеска го презентираа пред новинарите.
„Напуштен е концептот на гледање на дезинформациите низ призма на медиуми, тие се третираат како демократски закани, а нивната цел е нарушување на демократскиот поредок. Идејата за политичка или партиска етикета на дезинформациите е надрасната. Изработивме патоказ со неколку елементи кои ни служат како насоки. Ако постои регионална Стратегија за дезинформации, треба да има и Стратегија за справување со дезинформации. Во документот имаме три приоритети – зачувување на интегритетот на изборите, зачувување на демократијата и правото на граѓаните за носење информирани одлуки, како и демонетизација на дезинформации и зајакнување на информациски интегритет“, рече Силјановска.
Стојановски, пак, истакна дека до надлежните, уште пред неколку години, бил поднесен предлог од граѓанските организации со кој намерата била да се започне процес на градење Национална стратегија за градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите. Тој посочи дека државите кандидатки за членство во Европската Унија се обврзани да развијат такви механизми. Иако иницијативата беше прифатена и од претходната и од тековната влада, до денеска, нема информација дека надлежните започнале процес на градење таква Стратегија.
„Идејата беше тоа да биде документ за политики и план со конкретни чекори, со цел да ѝ се помогне државата и практично, а и за да напредува во процесот на евроинтеграции“, рече Стојановски. Оваа иницијатива беше позитивно оценета во Извештајот на Европската Комисија за 2024 година како единствен таков чекор на ниво на Западен Балкан.
Во дискусија на темата, Зоран Бојаровски, главниот уредник на Рацин.мк, истакна дека информациските закани никогаш нема да престанат.
„Тие само ќе се усовршуваат во начините, методите, алатките за да ја постигнуваат нивната цел. Но и борбата против информациските закани не треба никогаш да престане. И токму овој документ го позиционира тоа, дека само холистички и сеопфатен пристап може да даде резултат и само тогаш може да бидеме оптимисти дека таа борба никогаш нема да престане“, рече Бојаровски на брифингот.
Брифинг за новинарите во Фондацијата Метаморфозис. Фото: Мета.мк.
Во документот, на крајот се наведени препораки за меѓународни организации и чадор тела, препораки за државните институциите од Западен Балкан, за практичари кои се справуваат со информациски закани и манипулации, потоа, препораки за медиумите и медиумските организации, препорки за мрежи на практичари, како и препораки за академската заедница.
„Долгорочната отпорност на Западен Балкан може да се изгради само преку единствена регионална стратегија, буџети сразмерни на оние на антидемократските актери, политичка волја и координирана акција. Наспроти фрагментираното делување, ваквиот пристап обезбедува колективен одговор на системска закана кој ќе даде посилен ефект, и ќе почне да ја зајакнува довербата во демократските институции од граѓаните штитејќи го нивното право на носење на информирана одлука како темел на демократскиот процес“, пишува во документот.
„Различностите не треба да бидат причина да се разделуваме. Верата носи добрина и љубов и во тој контекст треба да заедно да ги надминуваме на мирен начин препреките кои ќе се појават меѓу нас“, рече во своето воведно обраќање Оливера Трајковска, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ) на работилницата со наслов: „Проактивни верски чинители за спречување на појавите на насилен екстремизам“. Работилницата ја иницираа Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и КОВЗРГ, а се одржа од 6 до 8 мај 2025 година во Велес.
„Мораме да сме свесни дека насилниот екстремизам е реалност и ние мораме да зборуваме за тоа, да не го ставаме под тепих. Кога ќе почнеме да зборуваме, поверојатно е дека ќе почнеме и да ги решаваме работите“, истакна таа и констатираше дека често, наместо да се превенираат, работите се санираат. „Треба да ја смениме таа практика. Да бидеме свесни дека во верските заедници има појави на радикализам и насилен екстремизам. Кога ќе го забележиме или слушнеме за него треба да реагираме“, додаде Трајковска. Таа се осврна и на соработката со државните институции и Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБТ) и побара верските заедници да ги вклучат ако не можат сами да се справат со некои од предизвиците.
Александар Кржаловски, директорот на МЦМС се осврна на улогата на МЦМС во олеснувањето на соработката меѓу верските заедници во некои од претходните програми, но и актуелните програми како што е „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ поддржана од ГЦЕРФ. Павле Трајанов, Националниот координатор на НКСНЕБТ ја истакна улогата на оваа институција во превенцијата на насилниот екстремизам. „Генерално, Македонија е релативно стабилна држава, но тоа не е гаранција дека дејства на тероризам не можат да се случат“, рече тој и додаде дека е добро е на ваква дебата да бидат соочени и лидерите на политичките партии заради опасностите од етнонационализмот кој, според него, го поттикнуваат политичките партии.
Според д-р Насир ефенди Реџепи – муфтија на Штип, соработката на локално ниво, слушањето на гласот на секој поединец е многу важна. „Кога нашиот глас допира до централната власт, некои работи се маргинализираат. Меѓуверскиот дијалог не е само хуман пристап туку е и верска обврска. Верскиот дијалог има за цел да ги отстрани сите разлики“, рече тој во своето обраќање. Штипскиот муфтија се осврна и на предизвиците со кои се соочува човекот денес, во глобалниот свет, во кој до него стигнуваат многу необработени информации, во многу кратко време што придонесува човекот да се отуѓи од себе и околината. „Институционализираните религии имаат предизвик – верските заедници треба да бидат активни чинители, а не само публика која ги следи настаните. Државата треба да најде начин верата да се учи на некој соодветен начин. Ако не се случи ова, тнр. дигиталната религија може да направи проблем затоа што доаѓаат нерафинирани и не селектирани информации“, истакна тој. Според него, локалната власт која е поблиска до граѓаните има важна улога во решавањето на проблемите и олеснувањето на овој дијалог. Заедно со верските заедници, можат да направат заеднички проекти со кои ќе се промовира верскиот дијалог, ќе се промовира социјалниот мир, ќе се гради култура на почитување и ќе се придонесе за ефективни решенија. „Верскиот дијалог на локално ниво не е пасивен, туку активен ангажман. Локалната власт има можност да биде катализатор на овој дијалог и да овозможи да се слушне гласот на сите верски заедници“, смета д-р Насир ефенди Реџепи.
И протојереј Ристе Јанушев се осврна на меѓусебната соработка. „Човекот е упатен на соработка, сам верник не може да биде верник. Самодоволноста, егоизмот, е основа за екстремизмот кој сака на сила да наметне нешто на другиот. Екстремните постапки раѓаат крајна нетрпеливост и ја поттикнуваат омразата“, рече тој. Според него, екстремни изјави може да се забележат во меѓусебен неформален разговор или на социјалните мрежи. „Сме укажувале дека не е добро да се прави тоа, особено да се користат верски симболи во таа нарација. Единствено решение за борење против екстремизмот е да се спроведуваат начелата на верата – да го почитуваме туѓиот простор, време, имот како и нашиот. Треба да бидеме свесни и будни за ваквите појави, додаде Јанушев.
„Силниот збор и добрата соработка се најголемата револуција што можеме да ја направиме. Денес силата е кај оние кои знаат да живеат со различности“, им се обрати на присутните Нејаз ефенди Мурати, муфтија на Велес. Тој општеството го опиша како заедничка градба во која верските заедници се столбови и побара заедничко советување и заеднички проекти на верските заедници и локалната самоуправа. „Не бараме привилегии, туку одговорност. Сакаме да придонесеме“, рече тој.
Во дискусијата што се отвори меѓу учесниците беше истакната соработката на верските заедници со Министерството за образование и наука, потребата од поголема застапеност во медиумите, во образованието, поголема меѓусебна комуникација, а покрај религискиот екстремизам се зборуваше и за екстремниот секуларизам. Беше истакнато дека тоа што се случува во општеството се прелева и во верските прашања. Сепак, припадниците на верските заедници сметаат дека добро стојат со дијалогот, дека се поотворени за комуникација од другите сегменти на општеството. Тие сметаат дека работата со верските заедници треба да биде во партнерство, а не од позиција на контрола.
Низ методологијата на „Глобално кафуле“, учесниците разговараа за неколку теми: Развивање наративи против девијантните појави; Иницијативи во и со заедницата против девијантни појави; Активности во соработка со граѓански организации и Зајакнување на меѓуверскиот дијалог во заедницата. Тие понудија интересни активности за секоја од темите што можат да бидат дел од активностите на КОВЗРГ, верските заедници и граѓанските организации.
Работилницата беше дел од програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ кој го поддржува ГЦЕРФ, а го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Нексус – граѓански концепт и Здружението за активен и здрав развој на жените и децата „Плиадес“.
Следно >
Поврзани:
Втората секторска работилница за Младински политики се одржа на 07.05.2025 година во просториите на Младински Совет Прилеп.
На работилницата беа присутни претставници од Општина Прилеп, невладини организации и млади лица кои се активно вклучени во процесот на развој на младинските политики.
Главната цел на работилницата беше презентацијата на секторското истражување кое што е во завршна фаза. Учесниците имаа можност да дискутираат за препораките содржани во анализата и да споделат свои видувања и предлози за унапредување на младинските политики во општината.
Претставниците од општината ја нагласија важноста од активно младинско учество и заедничко креирање на политики кои ќе ги одразуваат реалните потреби на младите. Се разговараше за можностите за вклучување на младите во процесите на донесување одлуки на локално ниво, како и за креирање на нови програми кои ќе го поддржат младинскиот активизам.
Во текот на работилницата, учесниците се насочија кон клучните точки од истражувањето, кои вклучуваат подобрување на образованието, зголемување на можностите за вработување и зајакнување на младинските организации. Воедно беа разгледани и предизвиците со кои се соочуваат младите при реализирање на своите идеи и проекти.
Оваа активност е дел од проектот „Младински политики по мерка на младите“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас.
Младински глас за здрава планета!
Новите инфо центри за климатски промени се отворени во Дебар, Струга и Охрид!
Младите конечно добија простор каде што можат:
Да учат за климатските предизвици
Да се вклучат во еко-акции
Да иницираат промени во својата заедница
Сето ова е дел од проектот „Да учиме за климатските промени!“ – иницијатива која ги охрабрува младите да преземат активна улога во заштитата на животната средина.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas .
Zëri i të rrinjve për planet të shëndoshë!
Info qendrat e reja për ndryshime klimatike janë hapur në Dibër, Ohër dhe Strugë!
Të rrinjtë fituan hapësira ku mund :
Të mësojnë për sfidat e ndryshimeve klimatike
të përfshihen në aksionet ekologjike
të inicojnë ndryshime në komunitetet e tyre
Të gjitha këta janë pjesë e projektit „Të mësojmë për ndryshimet klimatike!“ – Inicijativë që i inkurajon të rrinjtë të ndërmarin rol aktiv në rruajtjen e ambientit jetësor.
Projekti është i mbështetur nga Qeveria e Zvicrës përmes Civica Mobilitas.
Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата во партнерство со проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”, финансиран од Европската Унија, ги покануваат претставниците на граѓанските организации, релевантните државни органи, како и сите заинтересирани лица на онлајн консултации за новата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акцискиот план 2025-2028. Консултативната средба ќе се одржи на 23ти мај 2025 година од 11:00 до 13:00 часот на платформата ЗООМ.
На консултациите ќе биде презентирана и дискутирана петтата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, подготвена врз основа на пристигнатите предлози од граѓански организации и работата на работната група формирана за таа намена. Граѓанските организации и другите учесници ќе имаат можност да дадат мислење, коментари и дополнувања на Предлог-Стратегијата и Акцискиот план.
Предлог-Стратегијата предвидува низа активности и мерки за создавање на поволна средина за функционирање и развој на граѓанското општество како што се унапредување на системот на државно финансирање на граѓанските организации, подобрување на правната рамка за донации и спонзорства во јавните дејности за олеснување на донирањето кон граѓанските организации, создавање на поттикнувачко правно окружување за социјално претприемништво, унапредување на правната рамка за здруженија и фондации итн. Втората приоритетна областа на Предлог-Стратегијата се однесува на зајакнување на соработката и партнерството меѓу граѓанските организации и јавните институции преку спроведување на мерки како што се: унапредување на процесот на консултации и учество на граѓанските организации во креирање, спроведување, следење и оценување на јавните политики, зајакнување на партнерството во процесите поврзани со европската интеграција како и континуирано работење на независен, репрезентативен, оперативен и ефективен Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.
Доколку сте заинтересирани да се вклучите во консултациите, ве молиме регистрирајте го вашето учество со пополнување на формата на овој линк.
Линк за вклучување на онлајн консултациите ќе биде пратен до сите пријавени учесници на 22 мај 2025.
Прилог:
Следно >
Поврзани:
На 10 мај оваа година, имавме можност да го поминеме денот учејќи и дружeјќи се со вистински љубители на земјата, растенијата и заедничкото создавање. Настанот беше дел од едукативната серија во рамки на Еразмус+ проектот ГЕА, кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај возрасните 🌍.Овојпат, ни се придружија Филип од Градината на Филип, Димитар, како и граѓаните-градинари од општествената градина Бостание 🌱. Со нив споделивме искуства, совети, насмевки – и научивме нешто многу вредно: дека секој може да почне со градинарење, без разлика дали има голем двор или само мал балкон.Совет за почетници? Почнете со ротквички!Тие растат брзо и ве наградуваат со првите резултати од вашиот труд уште на самиот почеток. Освен тоа, научивме да садиме според сезоната, да садиме со љубов и да се грижиме да има што повеќе зеленило и плодови – дури и во срцето на градот.🙏 Огромна благодарност до нашите инспиративни предавачи и до сите учесници кои дојдоа од различни делови на Скопје. Посебна благодарност до љубопитните и великодушни градинари од Бостание, кои несебично ги споделија своите приказни, совети и топлина со сите присутни .Овој настан беше дел од серијата активности кои Еко Логик ги реализира во рамки на ГЕА проектот во текот на април и мај. Се гледаме наскоро на следниот настан!
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.