465004681 580763407611722 2816742710362386014 N

Соопштение за јавност: Регионална грантова шема од 450.000 евра на проектот BOOST

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Проект BOOST: Регионална грантова шема од 450.000 евра за зајакнување на граѓанското општество во Западен Балкан

Европската Асоцијација за Локална Демократија (АЛДА) го најавува започнувањето на регионална грантова шема на проектот BOOST, иницијатива насочена кон зајакнување на граѓанските организации во регионот на Западен Балкан. Програмата, финансиски поддржана од Agence Française de Développement (AFD), ќе додели грантови во вкупна вредност од 450.000 евра за промовирање на демократскиот, економскиот и социјалниот развој во регионот.

Грантовата шема, дел од проектот  БУСТ– Балканот кон унапредување на можности, одржливост и трансформација на граѓанското општество е наменета за граѓанските организации во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Проектите треба да се однесуваат на еден од трите клучни столба на проектот: млади и претприемништво; рурален развој и заштита на животната средина; и зачувување на културното наследство и развој на заедницата.

Со цел да се потикнат регионални партнерства, потребно е конзорциумот на проеките да биде составен од три организации од три различни земји и апликантите треба да бидат законски регистрирани, непрофитни граѓански организации со минимум две години искуство во соодветните тематски области.

За потребите на грантовата шема, отворена е платформа за грантови https://boostbalkans.com/grants.html преку која граѓанските организации ќе бидат во можност да ги поднесат проектите. Крајниот рок за аплицирање е 27.12.2024 година.

За повеќе информации за грантовата шема, и за регистрација на информативната сесија, посетете ја https://boostbalkans.com или контактирајте со boost@aldaintranet.org.

Проектот BOOST е спроведуван од стана на ALDA во партнерство со LEADER France, Pulse SOS, Pulse Balkans, и Агенциите за Локална Демократија од Мостар, Никшиќ, Завидовичи, Приједор, Суботица, Централна и Јужна Србија, Косово, и Урбаниот истражувачки институт Албанија.

 

ЗА АФД

Agence Française de Développement- AFD (Француската агенција за развој) ја спроведува политиката за меѓународен развој и солидарност на Франција. Повеќе на: afd.fr/en

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор