Img 3adc54a0c6977ebbd8c9f584d5b8ead8 V

Сензори за квалитет на пречистена вода и мобилна апликација

Во рамките на проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА”, финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а во реализација на Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп , Општина Ресен, Организација за управување со дестинации од Корча и Општина Девол, се изработи Мобилна апликација која го презентира квалитетот на пречистената вода од пречистителните станици Езерани и Заградец.

Пред локално население, земјоделци, претставници на локалните самоуправи и комуналните претпријатија беше промовирана Мобилната апликација. Присутните беа информирани како можат да ги следат информациите на истата, односно како да ја симнат оваа апликација во нивниот телефон и како секојдневно може да се провери квалитетот на пречистената вода кој го мерат сензори поставени во истите. Овие информации од сензорите се основен показател за јавните претпријатија, туку и транспарентен начин на работа на истите.

Еве што мерат сензорите:  RDO sensor кој користи RDO технологија, која е метод одобрен од EPA за оптичко мерење DO. Обезбедува точно и стабилно мерење на растворен кислород (DO). TROLL Temperature/Conductivity Sensor: Обезбедува мерење на температурата на водата, вистинска и специфична спроводливост, соленост, вкупно растворени цврсти материи (TDS), отпорност и густина. pH/ORP Sensor: ORP (Оксидациско-намалувачки потенцијал) е мерење, во миливолти, на капацитетот на растворот за пренос на електрони (оксидација или редукција) и ја мери pH реакцијата на водата…

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за граѓанска иницијатива

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор