Img 6590

Младите можат и сакаат да бидат дел од активностите за подобрување на животната средина

На 7 октомври 2024 година, тимот на Цивика мобилитас  ја организираше втората средба помеѓу грантистите и НЕ Вероник Хулман, Амбасадорката на Швајцарија. На средбата беа  презентирани поддржаните проекти од областа на животната средина и климатските промени, а целта беше, покрај подеталното запознавање, да се поттикне дискусија за предизвиците со кои се соочуваат организациите при спроведувањето и да се видат можностите за синергија меѓу нив и другите проекти поддржани од Владата на Швајцарија.

„Потребна е поголема свесност кај политичарите за прашањата поврзани со животната средина“, нагласи Амбасадорката Хулман, а Кармени Тенисен, заменик директор на Глобалната програма за безбедност на храна во Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) истакна дека граѓанските организации би требало да се позанимаваат со промена на менталитетот и да го следат спроведување на политиките таму каде што ги има.

Претставниците на граѓанските организации информираа за тековните активности кои вклучуваат иновации за зелена социјална работа, за процесите на  компостирање и собирање био отпад, за Зелена агенада на Западен Балкан во општините итн. Дел од нив истакнуваа дека дека за климатските промени треба повеќе да се зборува и работи на локално ниво, но дека мора да се имаат предвид ограничувањата на општинските буџети и на човечките ресурси, особено на малите општини.

Амбасадорката Хулман поттикна размислување за воспоставување на платформа за животна средина на национално ниво. Таа се интересираше за вклучувањето на младите во активностите на оваа теме, особено ако се има предвид дека често се зборува за нивната апатичност. Присутните се согласија дека младите треба да бидат клучни актери во промените. „Без разлика колку немотивирани изгледаат, ако го најдете вистинскиот пристап, тие учествуваат“, рече Ирина Главинчевска од Извидничкиот поречански одред КРСТЕ ЈОН од Струга и додаде дека е важно да им се покаже на младите дека нивниот глас се слуша и се вреднува. Слични искуства сподели и Никола Нешкоски од Еко Логик. Според него, проблем е што натавата на децата главно се базира на теорија, а малку на пракса, а од друга страна, тие многу повеќе учествуваат и учат од пракса. „Кога ќе им се даде признание на младите, тие сакаат да продолжат и да бидат активни“, рече тој.

На состанокот учествуваа претставници на Центарот за младинскиот активизам Крик,  Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ , Центарот  за климатски промени – Гевгелија, Еко-зелено движење-Берово, Извидничкиот поречански одред КРСТЕ ЈОН – Струга,  Центарот за ресурси во животната средина (РЕЦ) , Еко Логик и Регионален зелен центар Охрид.

 

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор