20170614 finance think vesti

Работилница за ГО на тема „Анализа и визуелизација на податоци“

Фајнанс тинк (Finance think) организира работилница за потребите на граѓанските организации насловена „Анализа и визуелизација на податоци“. Таа ќе се одржи на 4 јули 2017 година, од 10 до 17 часот во Скопје.

Учесниците ќе добијат продлабочени знаења за централната тенденција и варијабилност на променливите, коваријанса и корелација, нормална дистрибуција, интервал на доверба, тестирање хипотези, дизајнирање на прашалник, Делфи методот, составување примерок, техники за визуелизација на податоци, инфографикони и „гифови“.

Заинтересираните можат да го потврдат своето присуство со пополнување на формулар, најдоцна до 27 јуни. Изборот на учесниците ќе се одвива според принципот „прв дојден, прв услужен“ до исполнување на расположливите места.

Учеството на работилницата е бесплатно, а на учесниците кои не се од Скопје организаторот ќе им го покрие превозот во висина на автобуска карта.

Finance think е корисник на акциски грант од Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор