492993048 1013441914254921 2867846867009004812 n 1024x768

Работилници на тема: „Можности за учество на жените во креирање и спроведување на локалните политики и буџетот на општината“

Минатата недела во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“, во организација на партнерските организации, се одржаа работилници на тема: „Можности за учество на жените во креирање и спроведување на локалните политики и буџетот на општината“.

Со овие работилници опфативме над 50 жени од различни профили, мажи и носители на одлуки во Општините Штип, Делчево и Виница.

Заедно дискутиравме за:

✔️​ Улогата на жените во граѓанскиот активизам;

✔️​ Формалните и неформални начини на учество во креирање локални политики;

✔️​ Вклученоста во процесите на одлучување и буџетирање;

✔️​ Карактеристиките на локалната заедница и проценка на локалните потреби и приоритети на жените;

✔️​ Планирање и следни чекори за унапредување на женското учество.

Проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“ е финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво. Мислењата кои се изразени овде не ги одразуваат нужно ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведаат.

www.glasentekstilec.mk | www.eho-org.mk | www.ini.org.mk

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор