Работилница за Акционен план за управување со онлајн системот и пречистителни станици во општините Ресен и Девол
Во просториите на Општина Девол се одржа работилница, за развој на прекуграничен акционен план за управување со онлајн системот и пречистителните станици на општина Ресен и Девол.
На работилницата учествуваа претставници од општините Ресен и Девол и комуналните претпријатија од овие општини. Се разгледуваше структурата на Акциониот план и законската регулатива во двете држави која се однесува на оваа област. Учесниците на работилницата ги презентираа своите искуства, размислувања и имаа низа на предлози.
На средбата беше договорено да биде испратена последната верзија на Акциониот план кај учесниците како би имале можност за последни сугестии пред тој да биде во својата конечна форма…
This post was originally published on this site