ПРОЕКТ „ПОДОБРУВАЊЕ НА УЧЕСТОВОТО НА ПОМАЛИТЕ ЗАЕДНИЦИ НА ЛОКАЛНО НИВО“

Завршен извештај за спроведените активности на проектот

 

Национален Ромски Центар – Куманово и партнерската организација АВЕНА од Кочани, во период од 01.04.2016 до 30.09.2017 година го спроведуваат проектот „Подобрување на учестовото на помалите заедници на локално ниво“ со финансиска помош на Делегација на ЕУ во Македонија и ИНСОК.

 

Спроведените активности беа насочени кон 5 општини во Република Македонија (Куманово, Тетово, Битола, Прилеп и Кочани) каде основна цел беше да се воспостават механизми за зголемено учество на помалите заедници на локално ниво преку:

  • поттикнување на редовни консултации меѓу граѓанските организации и локалните власти,
  • следење на процесите на донесување на одлуки,
  • зајакнување на капацитетите на локалните засегнати страни за поттикнување на толеранцијата, соработката и учеството на помалите заедници во одлучувањето, како и
  • да се создадат механизми за зголемено влијание на заедниците во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

 

Остварени резултати во рамки на проектот:

  • Одржани 10 тркалезни маси со претставници на локалната самоуправа, претставници на Комисиите за односи меѓу заедниците и на локалните здруженија на граѓани;
  • Одржани 4 квартални средби со претставници на локалната самоуправа, претставници на Комисиите за односи меѓу заедниците и на локалните здруженија на граѓани;
  • Изготвена интернет платформа за добивање на повратни информации од граѓаните и анализирани 592 прашалници од граѓани по однос на нивната перцепција за учеството во локалните политики и локалниот живот;
  • Мониторинг на 20 седници на општинските совети;
  • Објавен финален извештај со препораки врз основ на претходно далабинско интервјуирање на 504 граѓани и работни состаноци со 26 лица, претставници на локалните власти достапен на интернет страната на Национален Ромски Центар – Куманово;
  • Одржани 6 работилници за интер културно разбирање и правата на заедниците, со претставниците на локалните власти, општинските совети и локалните организации;
  • Одржани 3 дводневни тренинзи за претставници на локални самоуправи и локални здруженија на граѓани за вкупно 79 учесници од локалните засегнати страни;
  • Доделени под-грантови во износ од 497 EUR на 7 локални организации заради зајакнување на нивните капацитети преку спроведување на проектни активности сообразни со главната цел на Проектот;
  • Изготвени и доставени до Општинските власти 5 Стратегии со акциони планови и Програми за спроведување на Стратегиите за поттик на учеството на помалите заедници во секоја општина поединечно, од кои се усвоени 2 од страна на Совет на општина Тетово и Совет на општина Прилеп ;
  • Изготвен информативен брифинг за учеството на помали заедници во КОМЗ и општинските совети;

 

 

Контакт за дополнителни информации

Михаил Готовски – Проект менаџер

Национален Ромски Центар – Куманово

Ул. Доне Божинов бр. 11/5 Куманово

Тел: 071

Е-маил: gotovski@nationalromacentrum.org

Интернет страница: www.nationalromacentrum.org


ПРОЕКТ „ПОДОБРУВАЊЕ НА УЧЕСТОВОТО НА ПОМАЛИТЕ ЗАЕДНИЦИ НА ЛОКАЛНО НИВО“ was first posted on August 29, 2017 at 2:37 pm.
©2016 “Национален Ромски Центар“. Use of this feed is for personal non-commercial use only. If you are not reading this article in your feed reader, then the site is guilty of copyright infringement. Please contact me at dalibor.sojic@gmail.com

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор