Slider Brif 71.png

Прочитајте го нашиот најнов Бриф за политиките 7⃣1⃣

Нашиот најнов Бриф за политиките 71 одговара на прашањето дали владините #мерки за ограничување на цените на храната даваат ефекти

  • Мерките за ограничување на цените на храната имаат силен ефект само во првиот месец од примената, со намалување на инфлацијата до -1%!
  • По првиот месец, ефектот се разводнува поради пазарни прилагодувања, како што се раст на цени на алтернативни производи.
  • Инфлацијата се враќа на претходната динамика веднаш по престанокот на мерките, но нема натфрлување.
  • Finance Think препорачува ограничувањата да се користат само при многу висока инфлација. Во другите случаи, потребни се структурни и пазарно засновани мерки.

Целиот бриф: shorturl.at/KApmC

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за економски истражувања и политики Finance Think

Продолжи со читање

  • МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ

    Млади гласови, конкретни чекори: 21–24 април 2026, СкопјеУчесници од: Скопје · Штип · Битола · Струга · Крива Паланка · Центар Жупа Школата за родова еднаквост и локален активизам обедини седум млади луѓе од шест различни општини, со различни искуства и позадини, но со заедничка […]
    The post МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ appeared first on Myla.

  • Европски зелен договор и Зелена агенда за Западен Балкан

    Како Европскиот зелен договор влијае врз нашата иднина? Што значи Зелената агенда за Западен Балкан за младите, бизнисите и заедниците? На настанот кој се одржа во соработка со СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци присуствуваа многу млади лица, претставници од општините, училиштата и институциите. Заедно имавме можност да дискутираме и да научиме нешто повеќе за Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан. Без суштински реформи, јасна визија и политичка волја, Европскиот зелен договор за нас останува повеќе декларативна цел отколку реално достижен пат. Додека сè уште се бориме со основни системски слабости, зборуваме за Европскиот зелен договор како да сме подготвени за иднината, а не сме ги решиле проблемите на сегашноста. Зелената транзиција бара институции, инвестиции и одговорност – три столба што кај нас сè уште не се доволно цврсти за исполнување на европските стандарди. Зелена иднина започнува денес! Да бидеме дел од решението – не од проблемот. Фотографии:

  • Брифинг за медиуми: Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    На 28.04.2026 година ЕСЕ одржа брифинг за медиуми на кој беа презентирани наодите од мониторингот на спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Анализата покажува дека Македонија е далеку од потребниот опфат на жени со скрининг, неопходен за навремено откривање и превенција на ова заболување. Во…

  • Соопштение за медиуми – Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата…

  • Во Штип одржан јавен настан за ко-креирање на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

    Во Штип денеска се одржа јавен настан во рамки на започнатиот процес на ко-креирање на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7). Настанот беше организиран од Министерството за јавна администрација во соработка со Фондација Метаморфозис и Центар за граѓански комуникации, со цел да се обезбеди активно вклучување на сите засегнати страни […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор