работен

Премиерата на театарската претстава „Хумана приказна“

Во режија на Бесфорт Идризи и автор Кaтерина Момева, оваа сабота, 07.12.2019-та година во 20 часот во МКЦ “Кино Фросина”, ќе се одржи премиерата на претставата “Хумана Приказна”.

Оваа претстава има за цел да даде позитивен импулс кон информирањето на граѓаните за надлежностите на институциите, снабдувајќи ги со дополнителни информации, промовирајќи ја институцијата Народен правобранител првенствено пред младите луѓе и жените, зголемувајќи го присуството на Правобранителот во руралните подрачја и промовирајќи ги професионализмот, експертизата и транспарентноста на Канцеларијата на народниот правобранител што несомнено ќе значи нејзино придвижување кон поголема самостојност и кон стекнување на поголема доверба меѓу граѓаните.

Претставата е реализирана во рамки на проектот „Мој Омбудсман – театарот како метод за зголемување на основните човекови права“, во продукција на Онлимит Медиа, во патнесртво со Народниот правобранител. Оваа активност е поддржана со институционален грант од Цивика мобилитас.

Влезот е бесплатен.

Ќе ни биде чест доколку Вашето присуство го збогати овој настан.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор