IMG

Цивика мобилитас прослави една декада постоење

„На почетокот на претходната фаза на Цивика мобилитас, граѓанското општество беше претставено како дрво со голема крошна, но слаби корења. Денес, таа ситуација е доста изменета, благодарение на Цивика мобилитас и нејзиното инсистирање да се обноват врските на граѓанските организации со граѓаните што придонесе корењата на тоа дрво да бидат подлабоки, а граѓанското општество да стане значаен чинител во менувањето на општеството. Во тоа го гледам успехот на Цивика мобилитас во оваа декада постоење“, рече Ибрахим Мехмети од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) на годинешната Средба за вмрежување која се одржа од 25 до 27 ноември 2019 година.

Учеството на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во една од дебатите само по себе ја нагласи улогата на заедницата на Цивика мобилитас и на граѓанскиот сектор во дијалогот со институциите. Таа разговараше со учесниците, меѓу другото и за прашањето на државно финансирање, за кое, граѓанските организации очекуваат дека ќе се спроведува по нова, потранспарентна методологија но, не ги криеја ниту очекувањата за зголемување на износот, постепено во следните години до износ од околу 30 милиони евра.

Покрај тоа, граѓанските организации ја прашаа министерката Царовска дали ќе има измени во начинот на финансирање на инвалидските организации, што прави Министерство за труд и социјална политика за воспоставување на довербата во системот на раководење со случај, односно како ќе го менува односот во третманот на корисниците, за децентрализацијата во социјалната сфера, но, исто така и за прашањата на миграциите, животната средина итн.

Дел од дебатата беше и функционирањето на Советот за соработка со граѓанските организации. На бројните прашања на присутните одговараше Зоран Илиески, член на Советот.

За време на тридневната Средба за вмрежување, 97 претставници на граѓанските организации кои се дел од заедницата на Цивика мобилитас, работеа на зголемување на меѓусебната соработка, изнаоѓање заеднички приоритети и поставување на темелите за идно здружено делување. Тие работеа на унапредување на комуникациските вештини преку учење на нови и интересни алатки, а исто така ги визуелизираа нивните постигнувања во последните 10 години и на тој начин ја претставија колективната моќ која ја изградиле преку индивидуални акции.

На оваа средба повторно се воспоставија Платформите за соработка, нивните цели, а се направија и нацрт планови за наредните активности кои ќе се преземат и ќе бидат од заеднички интерес на членовите на секоја од нив.

Учесниците изразија задоволство од можноста да се запознаат со нови организации, да ги споделат своите искуства, како и да ги слушнат и да научат од туѓите. Ваквиот начин на вмрежување особено го поздравија новите членови на Заедницата кои за првпат учествуваат на ваква средба и се инспирираа од своите колеги за наредните чекори кои ќе ги преземат.

Средбата за вмрежување останува најголемиот годишен собир на граѓанските организации и истата претставува уникатна можност за учесниците, сите заедно на едно место да ги споделат искуствата, да дискутираат за проблемите и здружено да работат на нивно решавање.

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор