Cpia

ПРЕКРШУВАЊЕ НА ОСНОВНОТО ЧОВЕКОВО ПРАВО НА БЕЗБЕДНА ВОДА: СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ И ИНСТИТУЦИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР

Блупринт групата за реформи во правосудството остро реагира за случувањата околу загадувањето на водата за пиење во Гостивар, која резултираше со забрана за користење на водата од градскиот водовод, прогласување на епидемија, а на 21ви јули Владата прогласи кризна состојба. Овој случај не претставува само изолиран инцидент, туку сериозен индикатор за можни системски слабости. Начинот на кој институциите постапувале, односно евентуално не постапувале, отвора сериозни прашања за институционалната одговорност и за тоа дали биле исполнети законските обврски за заштита на здравјето на граѓаните, што треба да биде предмет на темелна и независна истрага.

Неопходно е да се утврди дали надлежните органи имале или требало да имаат сознанија за потенцијалното загадување и за ризиците по здравјето на населението, но не презеле соодветни и навремени активности за нивно спречување или ограничување. Доколку се утврди такво непостапување, тоа не може да се третира како обичен пропуст, туку како сериозно нарушување на обврската на институциите да постапуваат со должно внимание, согласно принципите на законитост, одговорност и заштита на јавниот интерес. Во таа насока, неопходно е Основното јавно обвинителство да спроведе брза, темелна и ефикасна истрага, со целосно утврдување на кривичната и евентуалната институционална одговорност на сите лица кои придонеле за загрозување на здравјето на граѓаните. Истрагата не смее да се ограничи само на утврдување кој ја поставил незаконската инсталација, туку мора да ги опфати и сите околности поврзани со функционирањето на системот за мониторинг, инспекцискиот надзор, лабораториските анализи, начинот на земање примероци и евентуалната одговорност на службените лица кои биле задолжени за контрола на квалитетот на водата.

Особено сериозни прашања се отвораат и во однос на функционирањето на системот за контрола на квалитетот на водата за пиење. Според достапните информации во медиумите[1], се добива впечаток дека надлежните институции затаиле во исполнувањето на законските обврски и со тоа дозволиле епидемијата и понатаму да се шири без да водат сметка за последиците кои можат да произлезат по здравјето на граѓаните на Гостивар.

Ниту Владата ниту надлежните здравствени институции досега не обезбедија јасни и целосни информации за времетраењето на ограничувањата за користење на водата, критериумите за нивно укинување и временската рамка за нормализирање на состојбата. Во услови на директен ризик по јавното здравје, граѓаните имаат право навремено да знаат не само што се случило, туку и кои мерки се преземаат, кои ризици постојат и што можат да очекуваат во наредниот период. Очекуваме надлежните институции навремено и целосно да ја информираат јавноста за сите релевантни факти како и надлежните здравствени институции да излезат со јасни препораки и насоки како граѓаните да постапуваат во услови на прогласена епидемија и кризна состојба.

Овој случај мора да резултира со јасно утврдена одговорност и конкретни системски мерки за спречување на вакви ситуации во иднина, бидејќи во спротивно ќе претставува уште еден пример за ненавремено преземање на дејствија од страна на институциите  на  штета на јавното здравје и довербата во владеењето на правото.

Блупринт групата за реформи во правосудството:

  • Институт за човекови права (ИЧП)
  • Македонско здружение на млади правници (МЗМП)
  • Хелсиншки комитет за човекови права (ХКЧП)
  • Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА)
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за правни истражувања и анализи

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор