Untitled Design(1)

Повик за млади за оператори на Младински Инфо центар за климатски промени Дебар

Повик за млади за оператори на   Младински Инфо центар за климатски промени Дебар

За потреба на проектот „Да учиме за климатските промени“ на ден 05.12.2025 објавува:

Повик за млади за позиција Оператор на Младински Инфо центар за климатски промени  во Дебар

Периодот на релаизација: 1 јануари  2026 – 31 Август 2026

Креан рок за доставување на апликација: 25.12.2025

  1. Информации за проектот

1.1      Наслов на проектот

Климатски промени/Животна средина

1.2      Донатор и програма

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас

1.3      Побарувач на услуга

Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар

1.4      Информации за проектот

1.4.1      Општа цел

Да се придонесе кон намалување на штетните влијанија од климатските промени врз животната средина и луѓето, преку поддршка на пристап насочен кон децата и младите.

1.4.2      Специфична цел

Да се зголеми активното учество на младите како одговорни граѓани во  справување со предизвиците од климатските промени и нивното влијание врз животната средина и човекот

1.5      Општи информации за задачата

Операторот на Младинскиот Инфо центар за климатски промени во Дебар  ќе има задача да работи во Младинскиот Инфо центар за климатски промени 56 часа месечно, ондосно 7 работни дена во месецот.

Основните задачи се да ги кординира активностите на Младинскиот Инфо центар за климатски промени, да собират и споделуват информации од соработниците, да држат евиденција на посетителите, обуките, работилниците, активностите на Младински Инфо центри за климатски промени,  …………………..

 

Заинтересираните кандидати треба да достават :

Мотивационо писмо, Биографија

Контакт: Шуип  Марку 070,  306652, s.marku@gmail.com

Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

#CivicaMobilitas

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за одржлив развој на Заедницата Дебар

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор