[Aggregator] Downloaded image for imported item #43791

Последниот билтен на проектот PRepare: Заокружување на една европска приказна за одржлив туризам

Со овој, трет по ред билтен, го споделуваме и последниот официјален билтен од проектот PRepare, со што симболично ги заокружуваме активностите и резултатите од едно повеќегодишно европско партнерство посветено на одржливиот туризам, зелените вештини и климатската одговорност.

Во рамки на проектот, во изминатите три години активно ги вклучивме општините, училиштата, младите, универзитетските професори, како и професионалците од туристичкиот и угостителскиот сектор, со заедничка цел – унапредување на знаењата и капацитетите за развој на поодржливи туристички практики на локално ниво.

Проектот PRepare го спроведувавме во партнерство со Општина Кочани, која имаше клучна улога во локалната имплементација и поврзувањето на различни чинители од заедницата. Активностите во Северна Македонија вклучуваа пилот-обуки, ко-креативни работилници и инфо денови, со посебен фокус на практичната примена на зелените вештини и развој на локални одржливи туристички понуди.

Координатор на проектот беше Општина Ушак (Турција), а конзорциумот ги обедини и партнерите – општини и организации од Турција, Италија, Грција и Македонија, кои заеднички работеа на развој на онлајн платформа, едукативни модули, пилот-тестирања и активности за подигнување на јавната свест.

Проектот PRepare беше финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+, со поддршка од Турската национална агенција, и претставува пример за тоа како европската соработка може да резултира со конкретни алатки, знаење и долгорочни мрежи за одржлив локален развој.

Со овој последен билтен, не го затвораме само проектниот циклус, туку ја зацврстуваме основата за идни иницијативи, нови партнерства и продолжување на дијалогот за одржлив туризам и зелени вештини – на локално, национално и европско ниво.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина "ECO - LOGIC"

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор