[Aggregator] Downloaded image for imported item #48231

Последна работна средба со локалните власти на градот Поликастро, Република Грција пред почетокот на Вардарскате регата “Гемиџии“

На 5.6.2026 год. (петок) во Поликастро, Република Грција се одржа последната работна средба помеѓу претставниците од Првата извидничка чета на Поликастро и претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Македонија. На оваа средба учество зема и заменик-градоначалникот за туризам Кирос Калавазис, кои во целост дава поддршка во организирањето на Вардарската регатата “Гемиџии“ 2026.

На оваа средба се разговараше за поддршка на локалната самоуправа на Поликастро и извидниците од Поликастро односно поддршката што по трет пат треба да ја  даде Првата извидничка чета на Поликастро при реализацијата на Вардарската регата “Гемиџии“ 2026 при пловењето кон Солун.

Беа договорени сите наредни активности од двете страни на активностите кои се организираат од нашите единици. Делегацијата на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес ја сочинуваа: м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски – Вуцо и Иван Гушев.

The post Последна работна средба со локалните власти на градот Поликастро, Република Грција пред почетокот на Вардарскате регата “Гемиџии“ appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

  • ВЕЛО-БУРЕ ПАРКИНГ Циркуларно решение за одржлива урбана мобилност

    Вело-Буре паркинг е иновативно решение кое го трансформира отпадниот материјал во функционална урбана инфраструктура за паркирање велосипеди. Преку примена на принципите на циркуларна економија, иницијативата придонесува кон намалување на отпадот, поттикнување на велосипедската култура и создавање поодржливи градови. Решението е наменето за училишта, општини, јавни институции и приватни компании кои сакаат да инвестираат во зелена […]

  • Учество во емисијата “Качамак“ на ТВ Сител

    На 6.6.2026 год. (сабота), на програма на ТВ Сител во Скопје “Качамак“  претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев и Владимир Ивановски – Вуцо како преставници на организацијата на Вардарската регата, земаа учество во споменатата емисијата. За потребите на оваа емисија на ТВ Сител , спометатите…

  • Се шири мрежата на Локал Актив – Работилница за нови медиуми на заедницата во Струмица

    Петнаесетина новинари, активисти и млади луѓе од Југоисточниот регион беа дел од работилницата на која се запознаа со начинот на функционирање и етичките стандарди на медиумите на заедницата. Настанот, кој се одржа на 3 јуни во Струмица, беше организиран од Институтот РЕСИС и Советот за етика во медиумите на Македонија…

  • Мајчиното ментално здравје не смее да остане табу тема

    На 1 јуни 2026 година, во Скопје, се одржа конференцијата „Мајчиното ментално здравје како приоритет: од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“, организирана од Здружение ЕСЕ и Реактор – Истражување во акција, со поддршка од Амбасадата на Франција во Северна Македонија. Конференцијата отвори важна јавна и институционална дискусија за…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор