557543747 122178287600343184 2880213963898568656 n

Покана за протест „Стоп на геноцидот. Марш за Палестина“

Ние сме иницијативата Сите за Палестина и ви пишуваме бидејќи веруваме дека, како организации за човекови права, младински организации, и еколошки организации, со ист интензитет нè погодува геноцидот и екоцидот што веќе две години активно се случува во Газа. Време е, како цивилно општесто и иницијативи, да се кренеме и да искажеме јасен став против неморалната надворешна политика на Македонија.

Токму затоа, ве повикуваме да дадете поддршка на протестот „Стоп на геноцидот. Марш за Палестина“ што ќе се одржи в сабота (4 октомври) со почеток во 12 часот. Почетна точка е споменикот „Симфонија на мирот“ (наспроти гимназијата „Јосип Броз-Тито), а крајна точка е Владата. Со ова се вцртуваме на мапата на протести што се планираат и одржуваат глобално во пресрет на двегодишнината од почетокот на геноцидот. 

Сите детали за настанот ќе ги најдете тука: https://www.facebook.com/events/1865426961519491

За воопшто да имаме шанса да направиме каков било притисок за да се смени неморалната надворешна политика на Македонија, исклучително важно е да бидеме што побројни и погласни. Подгответе транспарент, дојдете на маршот, повикајте ги пријателите и споделете го настанот со вашите познаници. 

Залудно ќе биде да зборуваме за ова во иднина, ајде да дејствуваме сега, ајде да кажеме НЕ во наше име! Се гледаме в сабота на протест! Стоп на геноцидот во Газа!

Голем поздрав,
Иницијатива „Сите за Палестина“

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор