[Aggregator] Downloaded image for imported item #46151

Новинарите од Битола и Прилеп дебатираа за новите етички стандарди во новинарската професија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на 17 март 2026 година во Битола одржа консултативна средба со новинари и уредници од регионалниот центар, во рамки на процесот за финализирање на новиот текст на Кодексот на новинарите.

Средбата ја отвори Жанета Здравковска, координаторката на регионалниот центар Битола, која се осврна на клучните предизвици со кои се соочува локалното новинарство. Беше потенцирана финансиската нестабилност, намалениот број на локални медиуми, како и сè поголемото влијание на неформални дигитални извори кои не се придржуваат до етички стандарди. Дополнително, беа истакнати и ограничените капацитети на редакциите и отежнатиот пристап до информации од институциите.

Драган Секуловски, извршниот директор на ЗНМ зборуваше за потребата од ревизија на Кодексот, имајќи ги предвид променетите услови за работа и новите медиумски трендови кои не се опфатени во претходните верзии. Воедно, беше направен осврт и на состојбата со безбедноста на новинарите и тековните активности на ЗНМ.

Во рамки на проектот за ревизија на Кодексот, беа презентирани досегашните активности, како и следните чекори во процесот, со акцент на инклузивноста и вклученоста на новинарската заедница во креирањето на финалниот текст.

Сефер Тахири, претставникот на работната група за измена на Етичкиот кодекс на новинари, ги презентираше  досегашните измени и воведувањето на нови челнови кои се однесуваат вештачка интелигенција и тајното приобирање на податоци во услови кога информацијата не може да се обезбеди на друг начин и за тоа постои висок јавен интерес.

Во дискусијата, новинарите од битолскиот регионален центар дадоа конкретни предлози за подобрување на текстот на Кодексот. Меѓу нив беа иницијативите за професионалното однесување на новинарите на социјалните мрежи, прецизирање на јазикот во однос на родовата еднаквост, како и дополнување на одредбите за етичко користење на фотографии, аудио и видео материјали. Исто така, беше изразена заедничка поддршка за враќање на одредени членови кои се однесуваат на културата на говорот и зачувување на угледот и достоинството на професијата.

Учесниците се согласија дека е неопходно дополнително зајакнување на капацитетите на локалните редакции преку практични обуки, особено во делот на дигиталните вештини, со цел унапредување на квалитетот и професионалноста во новинарството.

Процесот на ревизија на постоечкиот Кодекс продолжува и во наредниот период со дополнителни консултации, а финалниот предлог ќе биде резултат на широк инклузивен процес со учество на новинарската заедница.

Работната група составена од претставници на Здружението на новинари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите изработка на новиот кодекс со своите активности започна во јули 2024 година, а новиот кодекс се очекува да биде промовиран во втората половина на 2026 година.

Фото: ЗНМ

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Здружението на новинарите на Македонија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ)

Продолжи со читање

  • ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран

    Државниот завод за статистика ги објави бројките за движењето на цените во март 2026, што е прв месец по почетокот на воениот конвликт меѓу САД/Израел и Иран. Според овие податоци, на месечно ниво, цените пораснале за 0.7%, додека на годишно ниво за 4.9%. Поради зголемените очекувања за динамизирање на порастот на цените предизвикано од наглото […]
    The post ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран first appeared on Finance Think.
    The post ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран appeared first on Finance Think.

  • Хуманитарна оперска гала вечер

    УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ХУМАНИТАРНА ОПЕРСКА ГАЛА ВЕЧЕР Со голема благодарност и исполнети срца споделуваме дека Хуманитарната оперска гала вечер е успешно реализирана, како дел од нашата кампања “Заедно за нов дом” посветена на поддршка на лицата со попреченост и зголемување на капацитетите на социјалната услуга “Живеење со поддршка” Оваа вечер беше…

  • Наслов: малите „ноктиња“ на македонското новинарство

    „Не нè биѓава. Како новинарска фела.“ Намерно ќе го оставам ова „биѓава“ нелекторирано, бидејќи сакам да остане како потсетник дека веќе не сум сигурен дека состојбата во новинарството може лесно да се поправи. Зошто по 31 година професионална кариера ваква малодушност? Главниот мотив не е расправијата меѓу новинари и исфрлањето, односно забраната за емитување еден […]

  • Учество во уредувањето на ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Благој Јорданов, Иван Гушев, Валентин Јанкуловски, Владимир Ивановски и Ангелче Гушев во периодот од 3 до 5 април 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид заедно со петнаесетина други извидници од извидничките одреди од Република Македонија учествуваа во санирање на сместувачките…

  • Продолжува учеството на наставениот час по предметот ИЗВИДНИШТВО

    На 3.4.2026 год. (петок) членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес повторно земаа учество на часовите по предметот “Извидништво“ во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ кај наставникот Илчо Стојановски. Тие помогнаа во реализација на настваната програма по предметот и учествуваа во обуката на учениците во делот на првата помош,…

  • Со Томче за туристичкиот потенцијал на Велес

    На 3.4.2026 год. (петок) кај редовениот поддржувач на извиднички одред “Димитар Влахов“ и општествено одговорна компанија Гостилница “Снупи“ во рамките на снимањето на емисијата “Шопска Шоу со Томче“ учествуваше и нашиот старешина м-р Ангелче Гушев каде што покрај презентацијата на најквалитената храна во Велес, тој ја претстави туристичката понуда во…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор