На медиумски појадок, Медиа Плус ги соопшти граѓанските приоритети во Штип

На медиумски појадок, Медиа Плус ги соопшти граѓанските приоритети во Штип

Здружението на граѓани Медиа Плус на 7-ми јули (петок) организираше медиумски појадок во Радио Кафе Канал 77, каде ги соопшти резултатите од анкетата која граѓаните ја пополнуваа он-лајн во изминатиот период. Со ова, Здружението започна со активности во рамките на проектот за определување на граѓанските приоритети во пресрет на локалните избори.

На прашалникот кој беше достапен на веб страницата на Медиа Плус граѓаните одговараа на прашања поврзани со надлежностите на делување на општината, при што се изјаснија за три приоритетни области.  Според анкетата, граѓаните сметаат дека областите на кои локалната самоуправа треба приоритетно да работи се: улици и патишта, социјална и детска заштита и образование.

Граѓаните се изјаснија дека локалната самоуправа во своите приоритети треба да ја стави обновата на улиците, но и изградбата на нови тротоари. Во однос на делот со социјална и детска заштита, тие одговорија дека локалната власт треба да го стави фокусот на изградба на дом за стари лица, инфраструктура за лица со попреченоси, како и сигурна куќа за жртви на семејно насиство.

Во третата, приоритетна област според анкетата, локалната самоуправа треба да работи на опремување на училишните кабинети, да обезбеди сигурен пристап до училиштата и да ја зголеми безбедноста во самите училишни згради, како и да ги подобри условите за изведување на наставата (греење, материјални средства и тн.)

Во прашалникот кој беше достапен на веб страницата на Медиа плус, граѓаните бараат општината побргу да одговара на нивните иницијативи, да го олесни пристапот за граѓанско учество и да им овозможи да учествуваат во јавни расправи. Граѓаните преку ваквата анкета, бараат и јавна расправа на која ќе се следи зголемувањето на цените за комуналните услуги.

Во своите описни одговори, тие бараат поголемо зеленило или воопшто, поголема јавна свест за заштита на животната околина. Дел од нив бараат поголема грижа од страна на општината за бездмоните животни, а други пак афирмација на културата.

На транспарентноста и отчетноста на општината забележаа и самите новинари на денешниот медиумски појадок. Тие забележаа дека честопати локалната самоуправа јавниот фокус го става на објектите кои ги гради, но притоа не ги соопштува сите информации кои ги засегаат граѓаните.  Општината реализира проекти за разни градежни изведби, но никогаш не се споменуваат имиња на архитекти, изведувачи и така натаму.

Што е со Зоолошката градина; дали општината знае дека на жителите во близина им смета миризбата особено за време на летниот период;  кој одлучил на пример, фазанот да биде сместен во толку мал простор – праша еден од новинарите, при тоа забележувајќи дека грижата за бездомните животни е оставена на активистите, наместо за тоа да се грижат надлежните.

Во јавноста се’ уште нема доволно информации за реализацијата на изградбата на патеката што ги спојува Ново Село и населбата „Осми ноември“, како и информации за изградбата на платформите на реката Отиња – истакнаа новинарите на средбата.

Инаку анкетата ја пополнија 400 граѓани и истата претставува почетна точка за понатамошно спроведување на најновиот проект на Медиа плус. Имајќи предвид дека Здружението цели кон демократија со зголемена отчетност и транспарентност на општината, предлозите од граѓаните ќе им бидат предочени на новите кандидати за градоначалник во пресрет на локалните избори годинава. За нив ќе се дискутира на форум кој исто така ќе биде организиран како дел од проектот. Предвиден е и постизборен форум, како и следење на првите 100 дена од работата на новата локална власт откако таа ќе биде избрана, за да се види дали и кои приоритети ги зела предвид. Крајните заклучоци ќе бидат сумирани и изнесени во новинарски стории, кои преку јавните гласила ќе им бидат достапни на сите граѓани.

Во меѓувреме, Здружението на граѓани Медиа плус и понатаму останува насочено на активности кои би влијаеле на општествените текови и општествената одговорност на чинителите во извршната, судската и парламентарната власт.

Продолжи со читање

  • Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи

    КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања (2024-2028): наоди од првите две години Скопје, 17 јуни 2026 Finance Think, во партнерство во Македонскиот центар за граѓанско образование, Македонското лекарско друштво- Здружение за интерсекторска соработка и Младинскиот образовен форум, ја претставува надградената мониторинг рамка КОМПАС за системско следење на реализацијата на владините ветувања за периодот 2024–2028. Оваа рамка […]
    The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи first appeared on Finance Think.
    The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи appeared first on Finance Think.

  • ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ВЛАСТИТЕ ВО ШТИП

    На 28.05.2026 година во просториите на Работничкиот универзитет во Штип се одржа настан за воспоставување дијалог помеѓу жените и власти, со цел да се создаде овозможувачка средина за развој на женското претприемништво и економското јакнење на жените. На настанот присуствуваше заменик-градоначалникот и советник во Општина Штип, Атанас Крстовски, кој ја истакна важноста од активно учество…

  • Експертска дискусија: Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча

    Околу 40% од територијата на Северна Македонија е покриена со шуми, кои претставуваат еден од најзначајните природни ресурси во државатa. Секоја година во државата се трошат околу 2.165.000 m³ огревно дрво, а проценките покажуваат дека повеќе од половина од ова количество потекнува од нелегална сеча. Нелегалната сеча, шумските пожари, деградацијата на шумите, ограничените ресурси и […]

  • Годишно собрание на ХЕРА: отчетност, ново раководство и јасни приоритети за иднината

    ХЕРА го одржа редовното Годишно собрание, на кое пред членството беа презентирани постигнувањата од 2025 година, беше усвоен Годишниот финансиски извештај и се дискутираше за […]

  • XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026” ќе плови до Солун

    На 12.6.2026 (петок) делегација на Вардарската регата Гемиџии беше примена од Градоначалникот на Велес г-дин Mарко Колев. Делегацијата во состав м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски – Вуцо, Владимир Стојанов и Михаел Здравковски во целост го запознаа Градоначлмикот за програмските активности на Вардарската регата “Гемиџии“. Регатата запловува на 18 јуни со…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор