01 Lp Mk Opst 1024x717 1.jpg

Мониторинг: Општините и заштитата на личните податоци

Законот за заштита на личните податоци се применува во секоја ситуација која подразбира обработка на личните податоци на граѓаните, без разлика дали физичкото односно правното лице што ја врши обработката е од приватниот, државниот или граѓанскиот сектор, притоа водејќи се од концептот на гарантирање на приватноста и личниот интегритет на поединецот.

Државните и јавни институции потребно e да ги применуваат овие прописи за заштита на личните податоци, независно од тоа дали активностите за обработката на личните податоци на физички лица се во хартиена или електронска форма. Во државни и јавни институции влегуваат сите органи на државната и локалната власт и други државни органи, институциите што вршат дејности во областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и други дејности од јавен интерес утврден со закон (агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија, основани од Република Северна Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје).

Законот нуди рамка според која треба да се обработуваат личните податоци на физичките лица и гарантира дека тие се обработуваат во соодветен минимален обем, односно не се бараат повеќе податоци отколку што се потребни. Исто така, физичките лица имаат право да знаат, кој и зошто ги обработува нивните лични податоци, кои лични податоци се обработуваат, колку долго се чуваат и др. Дополнително, законот  обврзува податоците да се чуваат само до рокот кој е неопходен да се постигне целта, а потоа треба да бидат уништени. Секое правно или физичко лице кое собира лични податоци мора да преземе соодветни технички и организациски мерки, односно да ги заштити податоците со најсовремени алатки кои му стојат на располагање.

Имајќи го предвид ова, НВО Инфоцентарот, со партнерските организации Спектар од Крива Паланка, Граѓанска иницијата на жени од Свети Николе, Организација на жени од Струмица и Активо од Велес, во периодот јуни – септември 2024 година, реализираше мониторинг на спроведувањето на Законот за заштита на личните податоци на локално ниво. Целта на мониторингот беше да добиеме слика за тоа, дали општините ги имаат основните документи/политики за заштита на личните податоци, во согласност со законот. Мониторингот опфати шест општини – Куманово, Велес, Струмица, Крива Паланка, Свети Николе и Лозово.

Мониторинг се реализираше во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиски поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Клучни наоди

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор