[Aggregator] Downloaded image for imported item #46759

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА – Гаранција за демократски избори

Проектот „Мониторинг на говорот на омраза – гаранција за демократски избори“ беше имплементиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје, во рамки на програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансирана од Европската Унија. Проектот претставува дел од акциските грантови за поддршка на локалните избори 2025, чија основна цел е зајакнување на демократските процеси, транспарентноста и отчетноста во изборниот контекст.

Периодот на имплементација на проектот опфаќа девет месеци, започнувајќи од 1 јули 2025 година, завршувајќи на 31 март 2026 година, во согласност со договорните обврски и проектната рамка. Во овој временски период, проектот се реализираше во динамичен и чувствителен општествен контекст, обележан со интензивни политички процеси, локални избори, зголемена јавна мобилизација и засилена комуникација во медиумите и на социјалните мрежи.

Говорот на омраза во изборни периоди претставува особено значаен предизвик за демократските општества, бидејќи директно влијае врз квалитетот на јавниот дискурс, ја продлабочува поларизацијата и создава услови за дискриминација и исклучување на одредени групи граѓани. Во контекст на Република Северна Македонија, ваквите појави се дополнително засилени од постојните етнички, политички и социјални поделби, кои во изборни периоди често се трансформираат во говор кој поттикнува нетрпеливост, стереотипи и омраза.[1] Искуствата од претходните изборни циклуси укажуваат дека говорот на омраза најчесто се појавува на етничка и политичка основа, но истовремено се забележуваат и случаи на родово базиран говор на омраза, особено насочен кон жени кандидатки и јавни личности, како и говор насочен кон маргинализирани групи. Во таков контекст, потребата од систематски мониторинг, навремена реакција и подигнување на јавната свест станува клучна за заштита на демократските вредности и човековите права.

Проектот беше дизајниран како одговор на овие предизвици, со цел да воспостави функционален механизам за следење, документирање и анализирање на говорот на омраза, како и да придонесе кон подобрување на институционалниот одговор и медиумските практики. Преку комбинирање на мониторинг, едукација и јавна комуникација, проектот имаше за цел да влијае врз повеќе нивоа – од индивидуално однесување на граѓаните, преку медиумскиот сектор, до институционалниот систем.

Овој извештај претставува сеопфатен преглед на спроведувањето на проектот, вклучувајќи ги реализираните активности, постигнатите резултати, клучните наоди и препораки. Неговата цел е не само да обезбеди отчетност за спроведените активности, туку и да придонесе кон поширока јавна и стручна дискусија за справување со говорот на омраза, особено во контекст на изборните процеси.

[1] Види повеќе на https://mhc.org.mk/reports/godishen-izveshtaj-za-sostojbata-so-chovekovite-prava-vo-2024-godina/ и https://mhc.org.mk/reports/godishen-izveshtaj-za-sostojbata-so-chovekovite-prava-vo-2023-godina/

The post МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА – Гаранција за демократски избори appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Високите цени ја надминаа корупцијата како клучен проблем, но расте прифатливоста и подложноста на корупција во Северна Македонија

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше идентификувана како најсериозен општествен проблем, во 2025 година граѓаните на Северна Македонија ги рангираат високите цени како своја главна грижа (46,6%), а корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, зголемените трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, додека корупцијата и понатаму останува еден од клучните предизвици со кои се соочува општеството. 

  • Демир Капија: Жените бараат редовни средби со институциите и поголема поддршка за локалните иницијативи

    Демир Капија, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во локалното одлучување, редовни консултации со жителките од руралните средини и навремени повратни информации од институциите беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана во Демир Капија. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Младите од Струга во улога на новинари на работилница за медиумите на заедницата

    Средношколци од Струга учеа за медиумите на заедницата, разговараа за етиката во новинарството и за момент влегоа во улога на новинари. Тие предлагаа теми, анализираа како да ја обработат приказната и дискутираа колку е важно да се зборува јавно за проблемите на локалните заедници и да се бараат решенија.

  • Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода

    Во соработка со Општина Кисела Вода спроведовме процес на партиципативно буџетирање. Граѓаните ги споделија своите потреби, проблеми и предлози за подобрување на квалитетот на животот во општината. Тие ја препознаа иницијативата како корисна и изразија поддршка за организирање ваков тип на настани, кои овозможуваат нивните потреби и идеи да бидат слушнати. Следниот чекор е анализа […]
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • Ден на климатските промени – 4 Ноември

    Денес го обележивме 4ти ноември Денот на климатски промени со учество на Утринска програма на Телма телевизија со нашата  Тамара Радовановиќ Анѓелковска на која што разговаравме за активностите на нашата организација поврзани со заштита на животна средина и намалување/ адаптација на климатските промени.
    Зборувавме за тоа како локалните заедници можат да станат отпорни на климатски промени и зошто е тоа важно.
    Благодарност до редакцијата на Телма телевизија за поканата!
     

  • Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија

    Миграцискиот профил на Северна Македонија се менува. Иако традиционално се препознава како транзитна земја, таа сè повеќе станува земја на дестинација за странски работници и други странски државјани што бараат подолгорочен престој. Според податоците презентирани во нашето истражување, бројот на странски работници се зголемил од […]
    The post Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор