642a9210.jpg

Мизрахи, Филипче и Хасани се согласија дека здравствената промоција и превенција е клучна инвестиција и граѓанските организации се важен партнер на здравствените институции

На панел-дискусијата „Улогата на Собранието во унапредувањето на превентивните здравствени политики“, одржана во рамки на Конференцијата „Здравствени политики за сите“, учествуваа пратеници од Комисијата за здравство од Собранието на Република Северна Македонија, вклучувајќи ја претседателката на Комисијата, Рашела Мизрахи и пратениците Венко Филипче и Илир Хасани.

На панелот беше истакната важноста од континуирано зголемување на буџетот за превентивните програми, како и препознавање на граѓанските организации како значајни партнери во здравствената промоција и обезбедувањето здравствени услуги,  со цел подобрување на здравствената заштита за сите граѓани. Пратениците Мизрахи, Филипче и Хасани потенцираа дека превентивните мерки треба да се интегрираат во сите здравствени политики, а координацијата меѓу институциите и граѓанските организации да биде поефективна за да се зголеми достапноста на здравствените услуги на терен. Дополнително се дискутираше и за потребата за зајакнување на  надзорната улога на Собранието.

Рашела Мизрахи, пратеничка на ВМРО ДПМНЕ и претседателка на Комисијата за здравство ја истакна потребата од создавање централизирана база на податоци за ефективно следење на имплементацијата на здравствените програми и состојбата на системот. Таа нагласи: „Пратениците, како клучни во надзорот на извршната власт, треба да имаат соодветни механизми за следење на реализацијата на законите, здравствените програми и другите државни политики.“ Мизрахи апелираше Собранието да преземе активна надзорна улога, со цел зголемување на транспарентноста и ефективноста на здравствениот систем.

Поранешниот министер за здравство, актуелен претседател и пратеник на СДСМ, Венко Филипче ги потенцираше предизвиците со достапноста на здравствените услуги за граѓаните, констатирајќи дека реформата во здравствениот сектор согласно искуството од раководење на ресорот треба да биде мултисекторска, при суштинска реформа е потребна во делот на начинот на финансирање на здравствените услуги. Тој нагласи дека за да се подобри квалитетот на услугите, неопходна е координација меѓу јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор во здравството. Буџетите за превенција треба да се зголемуваат, и граѓанските организации се клучни во пополнување во јазот онаму каде здравствениот систем нема пристап до ранливите групи на граѓани. Токму затоа опозицијата поднесе амандман за зголемување на буџетот на програмата за ХИВ за 2025 година, за да се одржи превенцијата.

Илир Хасани пратеник на ДУИ и член на собраниската Комисија го акцентираше значењето на превентивните мерки како приоритет: „Превенцијата треба да биде во центарот на здравствените политики. Преку соодветна правна регулатива треба да се дефинираат услугите што ги обезбедува граѓанскиот сектор, со цел да се обезбеди правичност и квалитет. Превенцијата е исплатлива на долг рок и за државата и за граѓаните.“

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор