Konferencija 1 1024x683

Унапредувањето на превентивната здравствена заштита е од клучно значење за здравјето на населението и развојот на државата – Национална конференција

Здравствените програми е потребно да бидат засновани на докази, чии резултати ќе можат да се мерат и следат, со што значително ќе се подобри отчетноста и ефикасноста на јавните здравствени политики и ќе се создава инклузивен и праведен здравствен систем кој ќе овозможи здравствена заштита и за ранливите групи на граѓани и унапредување на здравствените права. Граѓанскиот сектор може да биде значаен партнер на јавните институции со меѓусебна интензивна соработка во креирањето и спроведувањето на политиките, преку транспарентност и отчетност. Ова беа меѓу клучните пораки од дискусијата на национална конференција „Здравствени политики за сите: Зајакнување и поддршка на девојките, жените и ранливите групи“ која се одржа на 21 ноември 2024 година во Скопје.

Конференцијата е во рамки на проектот „Унапредување на здравствените права на девојките, жените и ранливите групи“, поддржан од Швајцарската влада преку програмата ЦИВИКА Мобилитас, а партнерски го спроведуваат здруженијата –ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје и Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари чии претставници ќе се обратат на конференцијата. Целта на проектот е унапредување на здравствените права, преку унапредување на четири здравствени превентивни програми во Република Северна Македонија, како и унапредување на процесот на консултација со граѓанскиот сектор, а особено со засегнатите целни групи при планирањето и подготовката на превентивните програми.

Координаторот на здравствената програма од Здружение ЕСЕ на конференцијата ги истакна наодите од спроведената анализа и мониторинг на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата и Програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања  – компонентата за скрининг на рак на грлото на матката. Во излагањето беше потенцирано дека во Програмата за мајки и деца се бележи уназадување во планирањето поради тоа што од програмата се отстранети сите мерки за здравствена едукација и промоција на здравјето на мајките и децата, кои се од клучно значење за унапредување на здравјето на населението. Воедно отстранети се сите мерки за едукација и поддршка на работата на патронажните сестри, иако оваа служба претставува клучна алка во здравствените служби кои обезбедуваат здравствени услуги за мајките и децата. По однос на скринингот на ракот на грлото на матката, од страна на Координаторот на ЕСЕ беше истакнато дека Министерството за здравство веќе една деценија планира многу низок опфат на жените со скринингот, кој е далеку под предвидениот опфат од 75%. Беа укажани и останатите утврдени бариери во оваа програма, како што е начинот на поканување и пријавување на жените за скрининг, како и недостигот и нееднаквата територијална дистрибуција на матичните гинеколози. Воедно ниските и недоволни буџети наменети за превентивните програми оневозможуваат граѓаните соодветно да бидат опфатени со истите, што особено негативно се одразува на маргинализираните категории на жени, мајки и деца.

На конференцијата беа истакнати нашите барања за зголемување на буџетите на програмите, кои треба да бидат засновани на реалните потреби. Воедно беа дадени препораки за унапредување на превентивните програми, од кои како клучни ги издвојуваме: зголемен опфат на населението со здравствена едукација, едукација и поддршка на патронажната служба и зголемен опфат на жените со скрининг за ракот на грлото на матката.

На конференцијата свои излагања имаа и претставници од граѓанските организации партнери на проектот кои ги истакнаа проблемите и бариерите по однос на Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција и Програмата за партиципација.

На конференцијата се обратија и претставници од МЦМС, Светската здравствена организација и Министерството за здравство. Сите говорници ја истакнаа важноста од унапредувањето на превентивната здравствена заштита, како и потребата од вклучувањето на граѓанските организации во процесите на планирање, спроведување и мониторинг на превентивните здравствени програми.

Дел од националната конференција беше и  панел дискусија на пратеници од Собранието на  РС Македонија. На панелот беше истакната важноста од континуирано зголемување на буџетот за превентивните програми, како и препознавање на граѓанските организации како значајни партнери во здравствената промоција и обезбедувањето здравствени услуги,  со цел подобрување на здравствената заштита за сите граѓани. Пратениците потенцираа дека превентивните мерки треба да се интегрираат во сите здравствени политики, а координацијата меѓу институциите и граѓанските организации да биде поефективна за да се зголеми достапноста на здравствените услуги на терен. Дополнително се дискутираше и за потребата за зајакнување на  надзорната улога на Собранието врз спроведувањето на превентивните здравствени програми. 

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор