[Aggregator] Downloaded image for imported item #50229

Менторска и коучинг поддршка за корисниците на 𝑩𝒖𝒔𝒊𝒏𝒆𝒔𝒔 𝑯𝒖𝒃

Во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna, се реализираа активности за обезбедување менторска и коучинг поддршка за корисниците на Business Hub.
Менторската и коучинг поддршка претставува индивидуализиран процес преку кој корисниците добиваат насоки, совети и практична поддршка во согласност со нивните лични цели, интереси и потреби.
Во текот на сесиите се работеше на идентификување на личните и професионалните цели, поставување конкретни и остварливи чекори, препознавање на силните страни и развојните потреби, како и унапредување на знаењата, вештините и самодовербата на корисниците.
Активноста беше реализирана во Велес, преку индивидуални сесии спроведени од страна на ангажирана менторка, со искуство во работа и поддршка на лица со попреченост.
Со континуирана менторска поддршка создаваме можности за развој, поголема самостојност и активно учество на лицата со попреченост во заедницата.

The post
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор