Региналното географско друштво ГЕОСФЕРА -Битола, во рамките на проектот „Сликај, постирај, алармирај“ поддржан од Цивика мобилитас, потпиша меморандум за соработка со општина Битола. Соработката се однесува на повеќе полиња: идентификација на аерозагадувачи во градот, активно вклучување на овластениот инспекторат во истата акција, размена на идеи, предлози и активности, зголемување на свеста кај младите и сите граѓани за штетното влијание на ПМ честичките врз човековото здравје и сл.

http://www.telma.com.mk/vesti/zagaduvanjeto-so-pm-chestichki-najgolemo-vo-centarot-na-bitola