Screenshot 2026 01 30 at 14 14 32 ЕНЕР Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации1

МЦМС придонесe во креирањето на новиот Закон за здруженија и фондации

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) активно се вклучи во процесот на јавна консултација за Предлог Законот за здруженија и фондации, оставајќи детални коментари на платформата ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија).

Screenshot 2026 01 30 at 14 14 32 ЕНЕР Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации1

Законот за здруженија и фондации е од клучно значење за граѓанскиот сектор и функционирањето на граѓанските организации во земјата. Покрај тоа што ги уредува правниот статус, работењето и финансирањето на организациите, предлогот вклучува и механизми за кофинансирање на проекти од меѓународни донатори. Затоа, учеството на граѓанските организации во неговото моделирање е од суштинско значење за создавање закон што ќе одговара на реалните потреби на секторот.

МЦМС достави 21 конкретен предлог за измени и дополнување на предлог-законот, кои опфаќаат 14 членови. Предлозите за измени се однесуваат на одредбите за легитимно работење на органите и телата на граѓанските организации, на регулативата поврзана со стопанските дејности на организациите, одговорноста на членовите на органите, постапките за распределба на јавни средства, механизмите за кофинансирање на проекти од меѓународни донатори, критериумите за подобност и евалуација на проектни предлози, листата на области од јавен интерес, учеството на граѓанските организации во креирање политики, улогата и составот на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, временските рокови за имплементација на законот итн.

Целосните коментари се достапни на ЕНЕР но и во овој документ.

Јавната консултација е отворена можност за секоја граѓанска организација да го искаже својот став и да придонесе кон подобрување на законската рамка што директно влијае на нашето работење. Процесот на креирање политики станува посилен и пореален кога вклучува различни перспективи и искуства од практиката.

Учеството во креирањето на закони и политики не е само право на граѓанските организации, туку и одговорност кон нашите членови, корисници и заедниците во кои работиме. Преку активното учество во јавните консултации, ние обезбедуваме дека законите ќе бидат: релевантни за реалните потреби на граѓанскиот сектор; применливи во пракса; фер и рамноправни за сите типови организации и во согласност со најдобрите меѓународни практики.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Правилно постапување со био отпад

    Продолжуваме со кампањата за подигање на јавната свест за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад, погледнете како правилно се постапува со био отпад на следното видео

  • Во каква средина работат организациите чиј фокус се родовите прашања

    Македонскиот центар за меѓународна соработка го објави „Истражувањето во фокус: мониторинг на овозможувачката околина за организации кои работат во областа на родовата еднаквост и правата на жените”, кое обезбедува сеопфатна, анализа заснована на докази на условите во кои делуваат овие организации во Северна Македонија.

  • Последниот билтен на проектот PRepare: Заокружување на една европска приказна за одржлив туризам

    Со овој, трет по ред билтен, го споделуваме и последниот официјален билтен од проектот PRepare, со што симболично ги заокружуваме активностите и резултатите од едно повеќегодишно европско партнерство посветено на одржливиот туризам, зелените вештини и климатската одговорност. Во рамки на проектот, во изминатите три години активно ги вклучивме општините, училиштата, младите, универзитетските професори, како и […]

  • Нова онлајн обука за Форми на граѓанско учество во донесување на одлуки на локално ниво – ГРЦ академија

    Академијата за граѓански организации на Граѓанскиот ресурсен центар е збогатена со нова онлајн обука на тема форми на граѓанско учество, механизми за ефективно учество на граѓаните во донесување одлуки на локално ниво.

  • Зголемена прифатливост и подложност на корупција

    Анализата на ставовите на граѓаните кон различните форми на коруптивни практики покажува загрижувачки трендови. Во 2025 година, 53,7% од испитаниците изјавуваат дека не би прифатиле никаква форма на коруптивно однесување, наспроти 46,3% кои би прифатиле. Овој сооднос претставува значително влошување во споредба со претходните истражувања (во 2023 година односот бил 62,9% наспроти 37,1%, а во 2021 година 63,3% наспроти 36,7%).

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор