Ljubovta2 Yellow 768x373

ЉУБОВТА ЗБОРУВА, ТАМУ КАДЕ ШТО СИСТЕМОТ МОЛЧИ

Повик за работилница за изработка на маици – Љубовта зборува!

Сакаш да создадеш уникатни маици и да бидеш дел од нешто убаво? 

Придружи ни се на нашата креативна работилница во Комитет каде ќе изработуваме маици што ќе ја пренесат нашата порака за љубов и поддршка на сите заедници кои егзистираат на маргините на ова општество.

Маиците што ќе ги направиме заедно ќе бидат дел од настанот „Љубовта зборува, таму каде што системот молчи“ и е вовед во донаторската акција за собирање на средства со кои ќе се реализира работилница за родители насочена кон подигање на свесноста за превенција и рана детекција на млади кои употребуваат дроги. Сите креативни, инспирирани и подготвени за акција се добредојдени!

Добредојдени се сите кои што сакаат да остават траг од љубов, за заедно да создадеме дела кои ќе раскажат за силата на човечката добрина, за она што зборува кога молчат сите системи.

Кога: [петок 08.11.2024 18 ч.]

Каде: Комитет

Резервирај си место сега!

078761226 или htodorovska3@gmail.com

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор