20191226 al ma

Културни активности за меѓуетничко дружење

Здружението за еднакви можности и меѓуетничка соработка Ал-Ма месец декември го одбележа со културни активности меѓу учениците од училиштата во Студеничани и Драчево.

Од здружението покажаа дека преку здрава едукација, од начинот на поздравување до начинот на почитување,  децата можат да се дружат иако не говорат ист јазик. Воедно, беше организирана  театарска претстава која се однесуваше на современите општествени и културни активности кои што ги интересираат децата и тинeјџерите, а исто така се водеше дискусија за видени филмски проекции од страна на децата.

Здружението за еднакви можности и меѓуетничка соработка Ал-Ма го спроведува проектот “Различностите не се пречка за дружење“, кој е финансиски поддржан од програмата Цивика мобилитас преку мал грант.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор