642277979 1377557541071152 6457674071973911437 n

КОНФЕРЕНЦИЈА | ФЕР ИГРА: EДНАКВОСТ И НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО ВО СПОРТОТ

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Олимпискиот Комитет (ОКСМ), Ве покануваат на конференцијата: „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот.“

Ве молиме пријавете го учеството на следниот линк: https://ee.kobotoolbox.org/x/NMnvO5ol најдоцна до 08.03.2026г.

Конференцијата има за цел да отвори јавна и институционална дискусија за состојбите со родовата еднаквост и родово базираното насилство во спортот во Северна Македонија, како и за потребата од системски решенија, одговорност и промена на практиките.

Истражувањата покажуваат дека жените се значително недоволно застапени во раководните позиции во спортските организации, дека политиките за еднаквост најчесто постојат само формално, а механизмите за заштита од дискриминација и насилство се недоволно развиени. Особено загрижува состојбата со родово базираното насилство, кое често останува невидливо и непријавено.

Конференцијата ќе ги отвори следните прашања:

· Како да обезбедиме поголема родова застапеност во одлучувачките структури?
· Како спортските федерации и институции да воспостават ефективни механизми на превенција и заштита?
· Како да преминеме од молчење кон одговорност кога станува збор за насилство врз жените во спортот?
· Како да обезбедиме инклузивност и за жените со попреченост?

На настанот ќе учествуваат претставници на институции, спортски федерации, олимписки и параолимписки комитети, експерти за родова еднаквост, граѓански организации и професионални спортисти. Види ја агендата тука:
https://mcms.mk/images/2026/Draft_Agenda_10.03.2026_MK.pdf

Спортот треба да биде простор на еднакви можности, достоинство и безбедност за сите. Време е за фер игра, без дискриминација и без насилство.

Конференцијата се реализира во рамки на проектот „Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики“, а е финансирана од Европската Унија.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор