Како да се избегне омраза кога се зборува за “муслимански проблем“

Регулаторот на печат на Велика Британија ИПСО прими стотици поплаки за колумна во британскиот весник “The Sun” во која се употребува фразата „муслимански проблем“ – која многумина потсетува на нацистичката терминологија „еврејскиот проблем“. Во оваа објава Ејдан Вајт, Директор на Мрежата за етичко новинарство (ЕЈН) ја илустрира оваа контроверзност и објаснува што можат да сторат креаторите на политики и новинарите за да се спротивстават на расизмот во печатот.

Колумнистот на „ Sun“ Тревор Каванју беше типично офанзивен во неговиот одговор на критиките за користење на терминот „муслимански проблем“ во минатонеделната колумна која предизвика реакција на повеќе од 100 пратеници и дополнителни 200 поплаки до Меѓународната организација за стандарди на печатот (ИПСО).

„Да бидам искрен“, рече тој за UK Press Gazette, „никогаш не ми падна на памет дека тоа може да се протолкува во контекст на „еврејскиот проблем’ и со задоволство ќе се извинам на секој кој се најде навреден.“

Тој потоа станува офанзивен и обвинува за цензура велејќи дека е „нечуено, навредливо и перверзно извртување на вистината“ да се каже дека тој провоцира „конечно решение на нацистички начин“ преку неговиот избор на зборови. Сепак, уредниците на “Sun” ја сфатија пораката и молчешкум ја напишаа фразата „муслимански проблем“ со мали букви во интернет изданието на текстот.

Тоа што Каванју не ја гледа штетата која неговиот избор на зборови може да ја предизвика и оганот кој може да го распламти, го направи неговото извинување безначајно.

Не е доволно новинарите да признаат дека можеби навредиле некого. Тука проблемот не е навредата или повредувањето на нечии чувства. Она што е важно е дали овие зборови имаат потенцијал да нанесат реална штета. Порастот на инцидентите на расизам, говор на омраза и насилство насочени кон членовите на британската муслиманска заедница во последните години по терористичките напади на исламските екстремисти покажува дека исламофобијата не е теоретска или замислена состојба, туку ризична струја на јавно мислење водена од незнаење, дезинформации и предрасуди. Непромисленото ехо на Каванју на историските нацистички изрази за Евреите само ја влошува климата на страв и не дава контекст ниту новинарска јасност.

Не е доволно новинарите да признаат дека можеби навредиле некого. Тука проблемот не е навредата или повредувањето на нечии чувства. Она што е важно е дали овие зборови имаат потенцијал да нанесат реална штета.

Каванју е ветеран новинар кој треба да знае подобро. Непромисленото известување за Исламот и Муслиманите може да создаде атмосфера на непријателство против Муслиманите и да доведе до зголемен криминал од омраза.

Тоа е доминантен проблем кој води кон зголемена реакција од државата. Оваа недела, Директорот на јавното обвинителство, Алисон Сандерс, најави планови за затегнување на законот и поголеми овластувања на судиите да изречат построги казни за оние кои се виновни за интернет омраза.

Новинарите треба да направат сè во нивна моќ да не ја направат климата поотровна. Тие треба да известуваат со внимателност и чувствителност за проблемите кои нè засегаат сите, а кои се фокусирани на грст насилни криминалци и сексуални грабливци од муслиманските заедници.

Постојат три проблеми кои произлегуваат од оваа контроверзност а кои новинарите би требало да ги земат предвид:

Прво, јасно е дека весникот “Sun”, кој пред пет години беше помеѓу весниците критикувани за анти-муслиманска пристрасност во извештајот за етика на печатот на Лорд Џастис Левесон (види стр. 668 до 682 од извештајот), не ја научил лекцијата. Немарното отфрлање на критиките од страна на Каванју и уредниците на“Sun” како „измислени“ од оние кои сакаат да ја замолчат дебатата за мажите муслимани во сексуални банди мириса на истата ароганција и непочитување на малцинствата кои ги критикуваше Левесон.

Второ, совршено е легитимно, и навистина и неопходно, новинарите и медиумите детално да ги прегледаат врските и комплексноста на имиграцијата, религијата, кулурата и криминалот во контекст на прогонот на членови на сексуални банди, многу од кои се со пакистанско потекло. Новинарите се во право кога посочуваат дека многу од споменатите лица се повикуваат на иста вера. Не е исламофобично тоа да се посочи, но кога тоа го прават, новинарите мора да дадат контекст, да им дадат глас на информираните инсајдери и да избегнуваат јазик кој провоцира непријателство.

Трето, контроверзноста повторно ја потенцира неподготвеноста на регуларотот на печат ИПСО да обезбеди решение за малцинските заедници во случаи кога тие се жртви на новинарска пристрасност. Уредничкиот кодекс на ИПСО, кој треба да ги заштити читателите од насилно новинарство, штити само поединци, не групи. Така, дури и кога заканите за потенцијално насилство врз муслиманската заедница се јасни и очигледни, ИПСО е немоќен да интервенира.

Новинарите треба да направат сè во нивна моќ да не ја направат климата поотровна. Тие треба да известуваат со внимателност и чувствителност за проблемите кои нè засегаат сите, а кои се фокусирани на грст насилни криминалци и сексуални грабливци од муслиманските заедници

Како резултат, Националниот синдикат на новинари побара од ИПСО да спроведе истрага за застапеноста на исламофобијата и расизмот во печатот. Тие тврдат дека тука постои можност за ИПСО да покаже дека е решен да изврши промени во печатот. Убава надеж, но малкумина веруваат дека ќе се оствари, особено поради тоа што Тревор Каванју е член на одборот на ИПСО. (ваквиот конфликт на интереси беше тема на жесток напад од поранешниот уредник на “Guardian” Питер Престон, кој реќе дека ќе излезе од ИПСО доколку продолжи со својата дрска улога на коментатор на медиумите).

Независно дали истражуваат или не, останува реалниот страв кај новинарите дека трапав, неточен и неразумен избор на зборови, од коментатори како Каванју или од пратеничката на лабуристите Сара Чемпион, која даде оставка по колумна во “Sun” со наслов „Британија има проблем со британските Пакистанци кои силуваат и експлоатираат бели девојки“, може да стане начин на одвлекување на вниманието од транспарентна и искрена дискусија за проблемите, особено кога тие допираат теми како религија и култура.

Ако за ваквите прашања не се дискутира отворено во медиумите и со вклучување на засегнатите заедници и власти, тие ќе продолжат да бидат клима на омраза и дискриминација, како и на запоставување на ранливи загрозени луѓе. Доброто новинарство, применето со стил и чувствителност, е решението, но тоа бара поголема свест, хуманост и здрава уредничка проценка од онаа на “Sun” и Тревор Каванју.

Оваа статија беше привчно објавена на  блогот на LSE Media Policy Project blog на Лондонското училиште за економија и политички науки.

 

The post Како да се избегне омраза кога се зборува за “муслимански проблем“ appeared first on ССНМ.

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор