Thematic forum 1200x767

ЈАВЕН ПОВИК ЗА НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ ЗА ПРЕДАВАЊЕ И ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТЕМАТСКИ ФОРУМИ

Граѓанската организација Евротинк – Центар за европски стратегии го имплементира проектот „Медиумите за ЕУ“, финансиран од Европската Унија во партнерство со АЛДА и БИРС во рамки на Програмата на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Општата цел на проектот е да се надградат медиумските капацитети за покривање, следење и испитување на преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Посебните цели на проектот се:

Да се подобри амбиентот за учество на медиумите во процесот на преговори за членство во ЕУ
Да се зајакнат медиумските професионални капацитети на новинарите кои се од земји што не се членки на ЕУ, за регулативите, политиките и вредностите на ЕУ и да се подобрат можностите за младите новинари.
Да се создаде средина за активности за вмрежување со европските колеги и колеги од медиумскиот сектор, да се поддржи и подобри медиумската писменост и различноста на медиумскиот пејзаж.
Целта на Тематските обуки/форуми е да се придонесе кон поттикнување на продукција на медиумски содржини и поттикнување и овозможување на граѓанско учество во креирањето на регионалните/локалните политики на земјата во интерес на евроинтеграциите.

Од заинтересираните кандидати се очекува да предложат соодветна тема за планскиот регион, посветена на приоритетните теми за евроинтегративните процеси на земјата, која за можни учесници на Форумот/обуката ќе вклучува претставници од медиумите и од граѓанскиот сектор.

УЛОГАТА НА БИРС ВО ПРОЕКТНИОТ ТЕМАТСКИ ФОРУМ/ОБУКА:

Надворешните соработници ќе бидат поддржани од проектниот тим одговорен за имплементација на проектот со организациска и финансиска логистика за одржување на настанот кој е планиран да трае два дена, т.е. 1,5 ден пресметан во работни часови. На овој ангажман ќе бидат пресметани и дополнителни 10 дена за подготовка и реализација на самиот настан.

БИРС ќе изврши плаќања за сите трошоци врзани за реализацијата на настанот и тоа: хотелско сместување, транспортни трошоци и надоместоци за надворешните соработници.

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ НА НАДВОРЕШНИОТ СОРАБОТНИК:

Подготовка на тема за дискусија со учесниците и нејзина надградба за партиципативно учество на медиумите и граѓанските активисти во натамошното планирање, креирање и јавно актуелизирање на регионалните/локалните политики. Темата треба да биде подготвена во писмена форма и/или како ППП презентација на настанот и да вклучува аспект за интеракција/дискусија со учесниците
Идентификација на институции/индивидуалци од граѓанскиот и од медиумскиот сектор како можни активни учесници на настанот
Комуникација со идентификуваните институции/индивидуалци од граѓанскиот и од медиумскиот сектор
Комуникација со соодветните претставници на локалната власт кои работат на темата која ќе биде идентификувана за актуелна за настанот
Ангажманот предвидува 10 дневна работа на подготовка пред одржувањето на самиот настан и дводневно активно учество како предавач на тематскиот форум/обука.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ НА НАДВОРЕШНИОТ СОРАБОТНИК:

Универзитетска диплома за завршени студии од области сродни со програмските области на БИРС. Постдипломски студии ќе се сметаат за предност;
Познавање на базични канцелариски софтверски алатки, основни познавања на WordPress платформа или слични;
Напредно ниво на познавање на англиски јазик (говорење и пишување);
Способност за аналитичко и критичко размислување;
Способност за тимска работа во динамична средина;
Личен и професионален интегритет.

Заинтересираните кандидати да достават работна биографија (CV) и мотивациско писмо во кое ќе биде наведен регионот, како и доставена предлог-темата за соодветниот настан.

Документите да се достават на електронската адреса birc.balkan@gmail.com најдоцна до 16.04.2025 година до 12 часот.

Предвидено е настаните да се реализираат во два последователни работни денови помеѓу 8-ми мај 2025 и 4-ти јули 2025 година.

Овој текст е изработен како дел од проектот „Медиумите за ЕУ“ спроведуван од ЕВРОТИНК и партнерите АЛДА и БИРС, а финансиски поддржан од ЕУ. Ставовите изразени во него се единствена одговорност на авторот и на ЕВРОТИНК и не ги одразуваат ставовите и гледиштата на Европската Унија.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Балкански институт за регионална соработка (БИРЦ)

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор