Website featured image(1)

ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ

Обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини за млади за дигитална трансформација на традиционални занаети

Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на 30 млади лица за учество во сеопфатна обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини, која се реализира во рамки на проектот: „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија”

Цел на обуката

Обуката има за цел да ги зајакне младите од руралните општини на Скопскиот регион во следните области комбинирани во 2 еднодневни обуки:

  • дигитални вештини,
  • дигитален маркетинг и социјални мрежи,
  • е-трговија и онлајн платформи,
  • креирање онлајн содржини,
  • основи на социјално претприемништво,
  • бизнис планирање
  • финансиска писменост

Кој може да аплицира?

  • Млади лица на возраст 15–29 години
  • По можност млади од рурални општини во Скопскиот регион
  • Посебно се охрабруваат да аплицираат девојки и млади жени
  • Претходно искуство не е задолжително

Што опфаќа обуката?

  • 2 еднодневни интерактивни обуки
  • Практични вежби и студии на случај поврзани со занаетчиски и креативни бизниси
  • Сертификат за учество
  • Можност за понатамошно учество во инкубациска програма за развој на концепти за социјални претпријатија и креирање дигитални содржини, преку спојување на традиционалното со иновативното (Storyytelling, digital documentation etc.)

Локација и период

  • Граѓански ресурсен центар – ГРЦ, бул.Климент Охридски бр.21, Скопје
  • Реализација: 19 и 20 февруари 2026

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да ја пополнат оваа google форма:

https://forms.gle/RWuRTP5NHtQXMck79

Краен рок за аплицирање: 12.02.2026
Контакт: contact@iep.mk

Продолжи со читање

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

  • 🎨 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАНАЕТЧИИ

    Учество во активности за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на најмалку 5 локални занаетчии за учество во обука и соработка со млади во рамки на проектот: „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални […]
    Source

  • Правилно постапување со био отпад

    Продолжуваме со кампањата за подигање на јавната свест за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад, погледнете како правилно се постапува со био отпад на следното видео

  • МЦМС придонесe во креирањето на новиот Закон за здруженија и фондации

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) активно се вклучи во процесот на јавна консултација за Предлог Законот за здруженија и фондации, оставајќи детални коментари на платформата ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија).

  • Во каква средина работат организациите чиј фокус се родовите прашања

    Македонскиот центар за меѓународна соработка го објави „Истражувањето во фокус: мониторинг на овозможувачката околина за организации кои работат во областа на родовата еднаквост и правата на жените”, кое обезбедува сеопфатна, анализа заснована на докази на условите во кои делуваат овие организации во Северна Македонија.

  • Последниот билтен на проектот PRepare: Заокружување на една европска приказна за одржлив туризам

    Со овој, трет по ред билтен, го споделуваме и последниот официјален билтен од проектот PRepare, со што симболично ги заокружуваме активностите и резултатите од едно повеќегодишно европско партнерство посветено на одржливиот туризам, зелените вештини и климатската одговорност. Во рамки на проектот, во изминатите три години активно ги вклучивме општините, училиштата, младите, универзитетските професори, како и […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор