20180109 fokus vest

Хуманитарна бадникова и божиќна акција „Помош за граѓаните на кои им требаме“

Дваесетина сиромашни семејства од Велес добија хуманитарни пакети со храна за бадниковата вечер и за божиќните празници. По повикот на социјалните мрежи, голем број хумани граѓани се приклучија во дводневната хуманитарна акција на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ и Фондацијата Ленче Здравкин.

Тие донираа готвена храна, овошје и зеленчук. Десет велешки семејства подготвија пакети со најосновните прехранбени продукти потребни за бадниковата вечера или божиќниот ручек. Сите им беа поделени на социјално немоќни семејства.

Оваа група филантропи и годинава ќе продолжи со хуманитарни акции за собирање и донирање на храна за социјално немоќни семејства во Велес, со надеж дека одзивот на хуманите граѓани ќе биде уште поголем и со акциите ќе бидат опфатени двојно повеќе сиромашни семејства.

Хуманитарната акција ја поддржаа семејствата Здравкин, Јаневски, Стојменови, Алчеви, Пренџови, Дограмаџиеви и Пивкови, кафеаната „Боеми“, месарницата „Микар“, пиљарата „Пеми“, веб порталот „Дума.мк“ и десетина други граѓани кои донираа производи како масло за јадење, брашно, праз, ориз, зелка и други производи.

Месарата „Микар“ ќе продолжи да ги помага петте семејства кои добија велешка скара и во наредните четири месеци.

Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ е институционален грантист на програмата Цивика мобилитас. За повеќе информации погледнете го нивниот профил.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор