Crop 1140x570 1 750x375

Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025)

Поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, преку рамковен договори и поврзаните годишни оперативни грантови, НВО Инфоцентар го спроведува четиригодишниот програмски циклус „Здружени за активно граѓанство“. Програмата ги зајакнува локалните граѓански организации (ГО) за да создадат можности за проактивно ангажирање на граѓаните во нивните заедници, овозможувајќи им да ги унапредат своите капацитети преку алијанси и обуки за мобилизација на граѓани, застапување и одржлив развој, и истовремено јакнејќи го јавниот притисок за партиципативна демократија и добро владеење.

Од 2022 година, преку оваа акција, НВО Инфоцентар воспостави соработка со 16 локални ГО, ги поддржа и охрабри да мобилизираат граѓани и да застапуваат партиципативна демократија на локално ниво. Ова е постигнато преку јакнење на нивните капацитети за мобилизација, застапување и одржлив развој, со цел да се поттикнат локалните власти да промовираат и практикуваат партиципативна демократија.

Соработката и поддршката за 16 ГО од Крива Паланка, Велес, Свети Николе, Струмица, Куманово, Теарце, Дебар, Скопје, Маврово и Ростуше, Битола, Струга, Штип, Гостивар и Демир Капија се обезбедува преку серија активности (вклучувајќи обуки, консултации во организација, менторство, настани и локални акции), прилагодени на специфичните потреби на секоја организација и заедница.

Вклучените ГО успешно го применуваат стекнатото знаење од осум обуки на теми од нивен интерес, вклучувајќи користење онлајн алатки за креирање едукативни и информативни видео содржини за социјални мрежи и кампањи; практични чекори за усогласување со Законот за заштита на лични податоци; унапредено прибирање средства и управување со проектен циклус; практична употреба на АИ алатки за ГО; и собирање и анализа на податоци и пишување извештаи.

Континуираната соработка и консултации со локалните ГО резултираа со дизајн и спроведување на 16 настани/локални акции и 16 заеднички иницијативи со новинари и локални медиуми. Овие активности обработија теми важни за локалните заедници, меѓу кои ги издвојуваме:

  • младински активизам и застапување во рурални средини (Чашка и Теарце);
  • економско зајакнување на рурални жени (Свети Николе, Дебар, Центар Жупа и Гостивар);
  • решенија за коегзистенција на населението и зголемениот број на кафеави мечки (Маврово и Ростуше);
  • подобрување на менталното здравје на младите преку одржлива комуникација помеѓу родители и деца (Крива Паланка);
  • мапирање на алтернативни културни простори и промовирање на меѓугенерациски културен дијалог (Крива Паланка);
  • родова еднаквост и родово буџетирање и политики на локално ниво (Струмица и Гостивар);
    еднакви можности за мажи и жени (Свети Николе);
  • превенција од врсничко насилство (Струмица);
  • вклучување на лица со попреченост во политичкиот и јавниот живот (Крива Паланка);
  • подигнување на јавната свест за еколошки отпечаток и поттикнување учество во заштита на животната средина.

Овие локални активности овозможија учество на над 1.000 граѓани, вклучувајќи жители, рурални жени, млади, локални експерти, општински и институционални претставници, како и локални и национални новинари.

Активни млади, силна заедница, Дејан Ристов, АКТИВО Велес

Младите за подобра локална заедница, Маја Христовска, Иницијатива за граѓански интеграции – Гостивар

Личниот избор остава трага врз животната средина, Андријана Ристовска Костовска, Институт за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени (ИПЕК)

Кога сите се вклучени – заедницата напредува, Жаклина Цветковска, РЦС Спектар Крива Паланка


Жените во руралните средини ја движат промената
, Ирина Поцкова, Граѓанска иницијатива на жени Свети Николе


Учеството на сите граѓани ја зајакнува заедницата
, Ленче Христова, Организација на жени од Струмица


Културата ги поврзува генерациите
, Методи Цветковски, Центар за аудиовизуелни уметности Крива Паланка

The post Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025) appeared first on АКТИВО.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор