ФТ Став бр. 59 за пензиите и состојбата со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување

Во услови на зголемени трошоци за живот, од особена важност е животниот стандард на граѓаните да се задржи. Во сегментот на социјалната заштита, односно социјалните надоместоци и пензиите, клучно е нивното усогласување со порастот на трошоците на живот. Според следната табела, усогласувањата на пензиите со трошоците на живот, како и ад-хок зголемувањата на пензиите во претходните две децении, овозможија порастот на пензиите да го следи или да го надмине порастот на трошоците на живот, и оттука, во целост да го заштити животниот стандард на пензионерите.
Усогласување или ад-хок зголемување на пензиите
Прво полугодиеВторо полугодиеВкупно (прост збир)Пораст на трошоците на живот во претходната година
20070.6%1.0%1.7%3.2%
200813.0%7.7%20.7%2.3%
20093.5%2.0%5.5%8.3%
20100.3%1.1%1.4%-0.8%
20110.8%2.1%2.9%1.6%
20120.3%1.4%1.7%3.9%
20131.2%0.8%1.9%3.3%
20145.0%0.0%5.0%2.8%
20150.0%5.0%5.0%-0.3%
20160.0%5.0%5.0%-0.3%
20170.8%0.8%1.6%-0.2%
20181.7%1.8%3.5%1.4%
20190.7%0.4%1.1%1.5%
20205.0%0.6%5.6%0.8%
20211.2%1.2%2.4%1.2%
20222.9%6.8%9.7%3.2%
20238.4%6.0%*14.4%14.2%
Извор: ФПИОСМ и ДЗС.* Очекуван раст.
Истовремено, според Државниот завод за статистика (последен податок), лицата над 65 години имаат стапка на сиромаштија од 13.4%, што е значајно пониска од вкупната стапка на сиромаштија од 21.8%, и уште пониска споредено со други општествени групи, како децата (30.3%), самохраните родители (41.6%) и многудетните семејства (45.6%). Лицата над 65 години кои живеат како самци имаат стапка на сиромаштија од само 4.1%.
Зголемувањата на пензиите, особено зголемувањата надвор од предвиденото законско усогласување со порастот на трошоците на живот и просечната плата, е неопходно да се гледаат низ призма на макро-стабилноста на пензиските финансии, односно дали Фондот за пензиско и инвалидско осигурување може стабилно и без ликвидносни проблеми да ги исплаќа преземените обврски кон пензионерите сега и во иднина.
Повремените зголемувања на пензиите надвор од законското усогласување, посебно кога тие беа големи и посебно во предизборни и изборни години, доведоа до значајно продлабочување на дефицитот на ФПИОСМ. Дефицитот на ФПИОСМ е делот кој Фондот не може да го покрие од изворни приходи – придонеси на плати, поради што дополнување прави централниот буџет. На следниот графикон е прикажано дека уделот на буџетските во вкупните приходи на ФПИОСМ забележа драматичен раст кој достигна кулминација во 2017 година и изнесуваше 43.6%. Тоа означува дека скоро половина од пензиските исплати се вршеа од општиот буџет на државата, односно се на товар на општото оданочување, што имплицира дека голем дел од расходите за пензии ги покриваат плаќачите на даноци од кои дел во иднина можеби и нема да бидат под капата на ФПИОСМ затоа што не се во осигуран работен однос.
Со реформата на пензискиот систем од 2019 година, која меѓу другото подразбираше и благо зголемување на стапката на пензиските придонеси во две последователни години, неодржливата патека на ФПИОСМ запре и уделот на буџетските во вкупните приходи почна да се намалува и моментално се движи околу една третина. За тогашната реформа, Finance Think се произнесе со свои сценарија и симулации кои беа претставени во Студија за политиките 14: Одржливост на пензискиот систем во Македонија: Сеопфатна анализа и предлог-реформа со МК-ПЕНС – динамички микросимулациски модел и последователно објавени во проминентното меѓународно списание Journal of Pension Economics & Finance.
Извор: ФПИОСМ и пресметки на Finance Think.
Оттука, за стабилноста на пензиските финансии и за добросостојбата на сегашните и идните генерации, вклучително и поради ризиците од дополнително подгревање на инфлацијата и инфлациските очекувања, од клучна важност е да продолжи патеката на стабилизација на ФПИОСМ. Тоа имплицира дека моменталната состојба со пензиските финансии не дозволува зголемувања на пензиите надвор од предвиденото законско усогласување, кое е доволно за да го задржи животниот стандард на примателите во услови на растечки цени.
Во контекст на општите движења во економијата, Finance Think забележува дека интензивирањето на барањата од страна на разни општествени групи за пораст на примањата (плати, пензии и сл.), е во еден дел водено од порастот на трошоците на живот, што е легитимно барање, но во друг значаен дел од поттикнувањето реторика дека платите може да пораснат без зголемување на продуктивноста, и од одлуката на Уставниот суд – и последователниот молк од страна на Владата – со која се одмрзнаа зголемувањата на платите на избраните и именуваните лица, што доведе до нивен кумулативен раст од 78%. За последново, Finance Think ја повикува Владата да изнајде итен и неодложен механизам за воспоставување на првобитната состојба и да отвори дијалог во рамки на кој ќе се дојде до прифатливо решение за разумен пораст на платите на функционерите.

The post ФТ Став бр. 59 за пензиите и состојбата со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 59 за пензиите и состојбата со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување appeared first on Finance Think.

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор