Baner 300x287.png

Фондација Метаморфозис на „Недела на приватност 2025“ во Белград: Приватност за сите

Фондацијата Метаморфозис беше дел од петтата годишна конференција „Недела на приватност“, организирана од Партнери за демократски промени Србија (Партнери Србија), што се одржа под слоганот „Приватност за сите“ од 29 до 31 јануари 2025 година во Белград.

Во фокусот на овогодинешната конференција беа заштитата на приватноста и заштитата на податоците, со посебен фокус на заштитата на правата на најранливите, активистите и новинарите.

На 30 јануари 2025 година, пак, беше централниот настан на „Недела на приватност“ со кој беше одбележан и Меѓународниот ден на заштита на личните податоци. За време на централната конференција се дискутираше за синергијата на заштитата на личните податоци и борбата против дискриминацијата, заштитата на дигиталните права на граѓаните надвор од регулаторниот простор на Европската унија и т.н. Бриселски ефект, потоа заштитата на медицинските податоци при развој на модели за вештачка интелигенција и ред други теми.

Програмската директорка на Метаморфозис, Данче Даниловска-Бајдевска, беше модераторка на панелот „Бриселски ефект – Поглед од периферијата“ кој беше посветен на влијанието на европските регулативи, како што се Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR), Законот за дигитални услуги (DSA) и Законот за дигитален пазар (DMA), на дигиталниот пазар и на човековите права во земјите надвор од регулаторниот простор на ЕУ. Панелистите во рамките на оваа сесија го анализираа ефектот од овие регулативи, со посебен фокус на механизмите за заштита на правата достапни за граѓаните и предизвиците во нивната примена надвор од ЕУ. За време на дискусијата беа споделени успешни иницијативи за заштита на дигиталните права на граѓаните надвор од ЕУ, како и можностите и предностите за интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Што можеме да научиме од другите?

    Кога зборуваме за превенција на употреба на дроги кај младите, Европа нуди јасни лекции: успехот не е случајност, туку резултат на систем. Искуствата од регионот и пошироко покажуваат дека најдобрите резултати се постигнуваат кога институциите, училиштата и заедницата дејствуваат координирано. Хрватска: Кога здравството ја води превенцијата Хрватска е пример за земја каде превенцијата не е препуштена […]
    The post Што можеме да научиме од другите? appeared first on ХОПС.

  • Три години посветеност на одржливиот туризам: Финале на проектот PRepare во Турција

    По три години интензивна работа, посветеност и силна меѓународна соработка, на 26 ноември го одбележавме официјалното завршување на проектот PRepare – иницијатива што ги поврза младите и локалните институции од Македонија, Турција, Италија и Грција околу заедничка визија: развој и унапредување на одржливи туристички практики. Финалната конференција се одржа во градот Ушак, Турција, каде заедно […]

  • ПОВИК ЗА УМЕТНИЧКИ КОНКУРС

    ПОВИК ЗА УМЕТНИЧКИ КОНКУРС „Надежта што се Преродува“ Центарот за Одржлив Развој на Заедницата – Дибër ги поканува учениците од […]

  • Студиска посета во НП Маврово

    Во организација на Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар а во рамки на проектот ,, Учиме за климатските […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор