Повик: Финансиски асистент на проект
Опис на работното место
- Одговорен за примена на финансиските и административните правила и прописи според процедурите на Мрежата за Рурален развој на РМ, донаторот и законите и прописите во Република МАкедонија
- Да врши финансиски активности како што се налози за плаќање, благајна, платен промет, организација на набавки и слично.
- Да биде одговорен за административни активности како што се : архивирање на документи, евиденција за инвентар, набавка на канцелариски материјали
- Поготвување на редовни извештаи за буџетот и трошоците на проектот
- Одржување и ажурирање на базата на податоци на организацијата
- Организирање на проектни настани/обуки и работилници
- Дистрибуирање и складирање на коресподенција ( на пример : писма, електронски пораки и пакети)
- Подготовка на финансиски извештаи
- Организација на патувања и сместувања
Потребни квалификации:
– диплома за завршено високо образование
– најмалку една година работно искуство
– познавања од областа на сметководство и финансиите (предност претходно искуство во невладин сектор)
– одлично познавање на англиски јазик;
– одлично познавање на работа со Microsoft Office (посебно Excel & Word)
– напредни организациски и комуникциски вештини
Заинтересираните кандидати можат да добијат подетални информации на 02/3075-506 и да го испратат своето CV на info@ruralnet.mk најдоцна до 21.12.2020 год.




![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41227](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/mk1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41232](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/0-02-05-6a49106fa1b0e26564e238f00517702071294e723f8493ed455f8dcb698d1f65_774730386973985d-768x1024-1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41281](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/10/img_0087-768x1024.jpg)

