[Aggregator] Downloaded image for imported item #48508

Експертска дискусија: Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча

  • Околу 40% од територијата на Северна Македонија е покриена со шуми, кои претставуваат еден од најзначајните природни ресурси во државатa.
  • Секоја година во државата се трошат околу 2.165.000 m³ огревно дрво, а проценките покажуваат дека повеќе од половина од ова количество потекнува од нелегална сеча.
  • Нелегалната сеча, шумските пожари, деградацијата на шумите, ограничените ресурси и недоволната институционална координација претставуваат сериозни предизвици за одржливото управување со шумите.

Tокму на овие прашања беше посветена денешната експертска дискусија, на која претставници на институции, експерти и граѓански организации разменија мислења и искуства за:
– законската рамка и нејзината примена во пракса;
– институционалната координација и надлежностите;
– предизвиците во откривањето, докажувањето и санкционирањето на нелегалната сеча;
– превентивните механизми и институционалната подготвеност;
– усогласувањето со европските стандарди и добри практики.

Дискусијата потврди дека е потребен поинтегриран пристап, подобра координација и поефикасно спроведување на законите за да се обезбеди долгорочна заштита на шумите и природните ресурси.

Настанот е организиран во рамки на проектот „Enhanced Civic Engagement for Environmental Protection“ финансиран од Expertise France, a имплементиран од Центар за правни истражувања и анализи, Македонско здружение на млади правници, Флорозом и Милиеуконтакт.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за правни истражувања и анализи

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор