Дијагностиката на општинските пазари на труд пред локалните економски совети
Објавено: 29/09/2021
Во соработка со канцеларијата на International Labour Organization изработивме дијагностика на пазарот на труд за девет општини во земјата. На денешната средба ги претставивме резултатите, кои се дел од акцијата за Зајакнување на социјалниот дијалог- РСМ. Презентацијата беше пред клучните чинители, вклучувајќи ги: локалните економски совети, претставници на Општините, Министерство за труд и социјална политика, центрите за вработување.