Vlae.jpg

Борба за Влае – приказна за здружената битка против корупцијата

Граѓаните против корупцијата ја започна кампањата со промоција на успешните приказни на граѓаните во борбата против корупцијата. Имено, на настанот насловен „Партнерство за промени“ каде беа промовирани резултатите од Грантовите за брз одговор и новите Грантови за граѓанска вклученост, беше објавена првата приказна за успешната граѓанска иницијатива – Борба за Влае.

Станува збор за иницијативата која се покрена во 2022 година, каде со еден Facebook пост граѓаните  успеваат да се мобилизираат и спротивстават на донесувањето на Деталниот урбанистички план (ДУП) во Влае 2. Имено, тие успешно заеднички поднесуваат над 1300 анкетни листови со цел на општината да и дадат до знаење дека не се согласуваат со планот за урбан развој на нивната населба.  Битката да се подготви ДУП согласно стандардите за урбано хумано живеење во Влае продолжува, а здруженоста ќе остане да им биде поттик да истраат во нивните барања.

Масовноста е многу важна според активистката Јована Стефановска од иницијативата Борба за Влае со која граѓаните во сите населби обединето можат да ги сменат приликите и можат да се изборат со урбаната мафија. „Само здружени граѓани се јаки граѓани во нивната борба“ додава таа.

Ова е првата од серијата успешни приказни на програмата Граѓаните против корупцијата, која во иднина ќе продолжи да ги промовира приказните на вакви анти-корупциски херои. Приказната за Борба за Влае произлезе од соработката на нашиот грантист О2 иницијатива од грантовата шема за брз одговор која даде безрезервна поддршка на нашите сограѓани од Влае.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор