companyLogo

Барање на понуди: Изработка на веб апликација со база на податоци

companyLogoЗдружението за рамноправен развој РЕШЕНИЈА ЗА РАЗВОЈ (DeSo), го спроведува проектот „е-Платформа за соработка и развој на граѓанското општество (ГО) во Република Македонија“. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

За проектот: Општата цел на проектот е да се зголеми и подобри употребата на информатички и комуникациски технологии (ИКТ) во промовирањето на работата, соработката, и развојот на ГО во Република Македонија. Конкретната цел на проектот е да се изгради, одржува, и предаде на Цивика мобилитас (ЦМ) иновативна и интерактивна е-платформа која грантистите на ЦМ, и другите актери на ГО и нивните конституенти ќе ја користат за соработка, истражување и развој (ИР), и за учење и споделување (УС).

За Цивика мобилитас: Општа цел на програмата е општествена промена во Македонија, вклучувајќи подобра соработка меѓу граѓанските организации и меѓу нив и властите, која ги одразува очекувањата, проблемите, потребите и приоритетите на граѓаните. Целната група се здруженијата и фондациите регистрирани во Македонија. Неформалните групи граѓани, медиумите, научно-истражувачките установи, синдикатите и организациите на работодавачи, исто така може да учествуваат во Цивика мобилитас. Активностите се реализираат во три компоненти: 1) Поддршка, вмрежување, учење; 2) Финансиска поддршка (грантови) и 3) Истражување и развој. Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ). Повеќе информации: https://civicamobilitas.mk

За е-Платформа на Цивика мобилитас: Во Македонија не постои интерактивна е-Платформа која што промовира колаборативен процес на учење и споделување помеѓу граѓанските организации. Причината делумно е во тоа што таква платформа треба да биде координирана од страна на силна и одржлива организација која би ја промовирала работата на платформата на подолг рок. Од особено значење е при развојот на е-платформата да се употребуваат технологии кои овозможуваат лесно користење, надградување, ниски трошоци за одржување и што поголема независност на платформата (од донаторот, компанијата која ја развива или пак од спроведувачот на програмата). Воедно платформата треба да биде дизајнирана на начин кој во голема мера ќе овозможува саморегулираност и самоподновување со податоци.

Опис на работата

РР (понатаму: нарачателот) поканува компании кои имаат релевантно искуство во развој на веб-апликации со бази на податоци, да достават понуда за изградба, одржување и предавање на Цивика мобилитас интерактивна е-платформа која ќе биде користена од страна на грантистите на ЦМ, и другите актери на граѓанското општество и нивните конституенти, пред сѐ за соработка, истражување и развој (ИР) и за учење и споделување (УС), но и други потреби.

Конкретните функционалности и својства на е-платформата ќе бидат дефинирани во комуникација со РР и со ЦМ. Избраната компанија (изработувач) ќе биде должна да:
• ја развие е-платформата во согласност со насоките на нарачателот и на ЦМ;
• ја развие е-платформата и/или нејзини конкретни компоненти во роковите поставени од нарачателот;
• прилагоди, доработи, ревидира, адаптира, компоненти и функционалности согласно со насоките и во роковите дефинирани од нарачателот;
• врши редовно одржување на е-платформата за времетраењето на договорот со нарачателот, на начин кој ќе биде договорен со нарачателот и ЦМ;
• учествува во испорака на серија (минимум 8) еднодневни обуки за користење на платформата за нејзините корисници.

Договорот со нарачателот ќе биде склучен за период од 22 месеци.

Технички карактеристики

е-Платформата треба да претставува надградба на веб-страницата на Цивика мобилитас (www.civicamobilitas.mk) која во моментов е повеќејазична веб-страница од информативен карактер. Сите функционалности/компоненти кои се предвидени да се развијат во рамки на е-платформата, треба да се дополнувања на тековната веб-страница. е-Платформата потребно е континуирано да се оптимизира и надградува за времетраењето на проектот.
Тековната веб-страница користи Joomla 3.5 Content Management System, која се базира на LAMP (Linux, Apache, MySQL, PHP) конфигурација, поставена на соодветен веб-хостинг сервер со локација во Македонија. Изработувачот на е-платформата може да избере да користи Joomla или пак WordPress како платформа. Препорачано е употреба на Open source software за развој на платформата. Потребно е да се изработи соодветна документација, а source code-от останува во сопственост на ЦМ по завршување на проектот.

Функционалности на е-Платформата

Content Management System (CMS)
Управувањето со содржини треба да се одвива преку таканаречен „систем за управување со содржини“ (Content Management System) или CMS со кој ќе се обезбеди самостојно ажурирање на содржините кои се прикажуваат на страниците од платформата. Овие содржини ќе можат да бидат поставувани само од корисниците кои ќе имаат административен пристап до платформата, каде што секој тип на различен тип на административен корисник ќе може да ги поставува само оние типови на содржини за кои има соодветни привилегии.

Прилагодлив дизајн
Со цел е-платформата да одговори на најновите технички стандарди и трендови, потребно е да биде изградена со лесен, едноставен прилагодлив дизајн (responsive design) со што ќе се овозможи автоматска промена на структурата и големената на елементите од веб- страниците во зависност од уредот на кои се прикажуваат: мобилни телефони, таблети, лаптопи или десктопи.

Google Analytics
Во платформата потребно е да биде вградено поврзување со Google Analytics, со што ќе се овозможи преглед на статистики поврзани со посетеноста на веб-страницата.

Search Engine Optimization (SEO)
Во платформата потребно е да бидат вградени техники и препораки од веб-пребарувачите како што е Google, со цел постигнување на висок ранг во пребарувањата.
Специфични функционалности и можности

Управување со корисници (User Management) – компонентата треба да овозможи профилирање на корисници преку регистрација и дефинирање на повеќе типови корисници со различни привилегии и ограничување на пристап до други компоненти на веб-страницата.

Развој на внатрешна мрежа за соработка – размена на документи и пораки помеѓу корисниците со можност за Help-desk компонента за поддршка на корисниците (knowledge base & ticketing system). Дел од регистрираните корисници имаат пристап до дел на веб-страницата кој не е јавно достапен.

Дистрибуција на информации – можност за автоматско реобјавување на новости од веб-страниците на грантистите (каде што постои RSS feed). Можност за автоматско известување за новостите во форма на е-билтен (newsletter) со претходна регистрација. Копчиња за брзо споделување на информациите на социјалните медиуми.

Календар на настани – Календарот е ресурс кој би го полнеле со податоци тимот на ЦМ и грантистите. Потребно е да овозможи преглед на настани според локација, категорија на настан, датум и сл. Внесените настани треба да се пребарливи преку форма за пребарување.

Ресурсен дел – Потребно е да се креира пристап до категоризирани ресурси (публикации, мултимедијални записи, графички материјали и сл.) со лесна навигација и пребарување.

Адресар на граѓански организации – Секоја регистрирана организација може да креира профил каде внесува одредени информации кои потоа се прикажуваат во форма на адресар (directory), кој ќе овозможи селектирање, сортирање, пребарување на податоци. Можност за повлекување на податоци преку API. Адресарот треба да е организиран по категории со визуелен приказ на интерактивна мапа.

Пребарување – можности за напредно пребарување низ различните типови на информации поставени на платформата.

Форма за самооценка – можност за оценка на организациите кои аплицираат за грант преку пополнување на онлајн прашалник (survey) при што потребно е автоматски да се генерира дијамант (графикон) на индекс на граѓанско општество базирано на математичка пресметка. Базата на податоци каде би се складирале податоците да е достапна за преземање од ЦМ.

Социјални медиуми – оптимизација на содржините (повлекување наслов, слика и краток опис) за брзо споделување низ различни социјални мрежи и интегрирање со профилите на ЦМ.

Начин на плаќање

Нарачателот ќе исплати извршителот на следниот начин:

  • 20% од вкупниот износ по потпишувањето на договорот,
  • 30% од вкупниот износ по комплетирање и предавање на нарачателот и на ЦМ на најмалку 50% од договорената работа, втората рата ќе биде исплатена најрано во 13 месец од потпишувањето на договорот,
  • 30% од вкупниот износ по комплетирање и предавање на нарачателот и на ЦМ на најмалку 90% од договорената работа,
  • 20% по целосното завршување на проектот и од кога нарачателот ќе ја добие последната рата од ЦМ,
  • Исплатените суми ќе бидат во нето износи (без ДДВ) затоа што проектот ќе биде ослободен од плаќање на ДДВ.

Потребно искуство и квалификации

Кандидатите треба да ги поседуваат следното искуство и квалификации:

  • да развиле најмалку 3 (три) напредни веб-апликации со бази на податоци во изминатите 3 (три) години;
  • да имаат ангажирано најмалку 2 (два) експерти девелопери (работен однос или договор на дело);

Начин на поднесување на понуди

Заинтересираните кандидати се покануваат да поднесат техничка и финансиска понуда до РР најдоцна до вторник 7 јуни 2016 година.

Техничка понуда

Техничката понуда треба да содржи:

  • Список и детален опис на релевантните проекти изработени од кандидатот во изминатите 3 години, во табеларен формат. За секој проект е потребно да се наведе нарачателот и негов контакт.
  • Детални ЦВ-ја од најмалку два искусни девелопери кои имаат познавање на следните технологии: HTML5, CSS 3 – технологија за ефективен и оптимизиран дизајн, Java script – програмски јазик кој се извршува на клиентскиот дел, Ajax – клиентско /серверска технологија за асинхроно извршување на HTTP повици, Bootstrap – технологија за responsive дизајн, jQuery – java script framework, PHP – програмски јазик во кој е изградена апликацијата, MySQL server – база на податоци.

Финансиска понуда

Финансиската понуда треба да биде изразена како единична вкупна цена во македонски денари. Цената треба да биде без ДДВ.

Техничката и финансиската понуда треба да бидат доставени како еден документ кој ќе биде доставен по е-мејл на: office@deso.mk. Понудите треба да бидат доставени најдоцна до вторник, 7 јуни 2016 г.

Начин на селекција

Најповолната понуда ќе биде избрана според критериумот на најдобар квалитет за цена (best value for money). Критериумите за квалитет ќе ги вклучат претходните проекти на кандидатите и ЦВ-јата на експертите девелопери.

Линк до изворната објаваhttp://www.deso.mk/Item/4761

Продолжи со читање

  • Видео: Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter)

    Во рамки на проектот Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter), заедно со експерти, зборуваме за препознавање и спречување на родово базирано онлајн насилство. 🌐💪 Ова видео е дел од нашите напори да ги поттикнеме младите жени да се чувствуваат посилни, информирани и безбедни на интернет. 🔎 Научете:✔️ што…

  • Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството реагираат на Измените на КЗ кои создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период

    Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања: Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање […]
    The post Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството реагираат на Измените на КЗ кои создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период first appeared on Metamorphosis.

  • Мрежен состанок „За танго се потребни двајца“ – поттикнување дијалог и соработка

    Локалното застапување добива сѐ поголема видливост и значење, а во таа насока се одржа и овогодинешниот состанок за вмрежување „За танго се потребни двајца“. На настанот учествуваа жени од осум заедници, претставници на невладини организации и советници од Општина Куманово. Овој чекор претставува важен напредок, бидејќи беше воспоставена директна комуникација со советниците како избрани претставници […]

  • Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година

    Годината 2024 во светот беше исполнета со промени што го редефинираа глобалниот политички, економски и општествен пејзаж. Од продолжувањето на руската воена инвазија врз Украина, преку хуманитарната катастрофа во Газа, подемот на крајната десница во европските држави, победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, па сè до бројните политички потреси во САД и […]
    Read More… from Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година
    The post Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија

    Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања: Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање […]
    Read More… from Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија
    The post Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Едукативни работилници за справување со родово базирано насилство

    Со цел подигнување на свеста и зајакнување на знаењата за родово базираното насилство, во изминатиов период успешно спроведовме три едукативни и интерактивни работилници во Прилеп, Кривогаштани и Долнени, каде се вклучија педесетина млади и жени од овие средини. Периодот на одржување на работилниците се поклопи со глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, со…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор