Lead Logo

Акција за чистење на Водно: „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“

Lead LogoГрупа млади луѓе, организирани од Движењето за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД, ќе спроведе акција за чистење на падините на Водно, под мотото „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“

Lead Logo

Акцијата е закажана за во недела (8.05.2016) со почеток од 12 часот. Збирно место е Средно Водно, пред жичарата, со која учесниците ќе бидат префрлени до врвот на планината. Групата волонтери ќе ги собира фрлените отпадоци пешачејќи надолу, до Средно Водно.

Ги повикуваме граѓаните на Скопје да ни се приклучат на акцијата. Неколку формални и неформални групи, како и поединци, веќе најавија дека ќе нѝ се приклучат.

Ова ќе биде првата од планираните шест акции за чистење на падините на Водно во наредните шест месеци.

Покрај расчистувањето на планината, акцијата има за цел и да ја крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. За таа цел, групата активисти ќе носи маици со слоганот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“, а во текот на втората акција ќе бидат закачени и 100 дрвени таблички со овој слоган.

Проектот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“ е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација. Проектот е поддржан и од Секторот за животна средина на Град Скопје.

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор